Путин и Ципрас се договорија за повеќе соработка
28 мај 2016Реклама
Рускиот претседател Владимир Путин во Атина изјави дека не се откажува од плановите за изградба на гасовод преку Црно Море до Грција, а потоа кон Италија. Изградбата на гасоводот засега е во „аут“ поради руско-турските кавги. Руски фирми се заинтересирани за купување грчки државни претпријатија, рече Путин во Атина. Грчкиот премиер Ципрас потенцираше дека „зајакнувањето на односите“ со Русија се „стратешка одлука за Грција“.
Путин денеска треба да го посети Атос, исклучително важно место за православието. Грција, за разлика од повеќето држави на ЕУ, негува добри односи со Русија.
Овде погледнете го видеото: