Микрочип што спречува слепило
18 мај 2010Реклама
Во 1990 година имаше 30 милиони слепи луѓе. Во 2020 година нивниот број ќе се удвои. Земјите во развој, како Кина и Индија се особено погодени, бидејќи во овие земји бројот на стари луѓе најбрзо расте: „Доколку некој ослепи во твојата заедница, тогаш тоа не е само негов проблем, туку тоа станува проблем за сите членови на заедницата“, вели лекарката Тонг Шенг од Вашингтонскиот универзитет, која работи во Институтот за глобално здравје. Според некои истражувања на овој институт, болестите што се одговорни за губењето на видот ќе ги потиснат од светската листа на 20 најчести болести дури маларијата и туберкулозата од сегашното 10 место.