Лукас Пападемос дефинитивно ќе биде новиот премиер на Грција
10 ноември 2011Канцеларијата на грчкиот претседател ја потврди веста што претходно ја пренесоа грчките медиуми дека Лукас Пападемос е официјално именуван за нов нов грчки премиер. Одлуката била донесена на преговорите присуствувале премиерот во оставка Јоргос Папандреу, шефот на опозициската Неа Демократија Андонис Самарас, на десничарската ЛАОС, Јоргос Караџаферис и претседателот на државата Каролос Папуљас.
Од Канцеларијата на шефот на државата уште истакнаа дека Пападемос кој на функцијата ќе го замени Јоргос Папандреу во наредните месеци ќе ја предводи владата на национално единство која треба да ги спроведе реформите барани од меѓународните партнери и да ја подготви земјата за предвремени избори во февруари следната година.
Економистот Пападемос ја извршуваше должноста заменик-претседател на ЕЦБ од 2002 до 2010 година, а пред тоа од 1994 до 2002 година беше гувернер на грчката народна банка. од минатата година е ангажиран како советник на Папандреу.
Новата грчка влада треба да положи свечена заклетва утре во 14 часот по локално време, најави во соопштение канцеларијата на претседателот Каролос Папуљас
Автор:БГ/СН/афп/ртр
Редактор: Симе Недевски