Крузерите - благослов и проклетство за Котор
29 јули 2019Реклама
Со години Котор е една од топ-дестинациите на крузерите во Јадранско Море. Бродовите за крстарење годишно носат по 500.000 посетители. Средновековниот град, кој припаѓа кон Светското културно наследство на УНЕСКО, нема само добивка, туку плаќа и висока цена - поради струењата кои ги предизвикуваат морските џиновски бродови, страда биолошката разновидност во заливот.