Критично со поплавите во Романија и Србија
21 април 2014Романскиот министер за внатрешни работи Габриел Опреа изјави дека во поплавите во Романија досега животот го загубиле четири лица, а две се водат како исчезнати. Постојаните дождови во текот на викендот опасно го зголемија нивото на реките, особено во јужна Романија. Спасувачките екипи градат насипи од вреќи со песок, а евакуираа и околу 250 жители од 86 села од овој дел на земјата. Опреа оцени дека поплави се закануваат и во наредните денови, особено со оглед на тоа што метеоролозите предвидуваат натамошен дожд.
Во Србија и натаму е во сила вонредната состојба во 11 општини во кои има поплави. Најкритична е состојбата во општините Лучани и Алексинац во централна Србија и во селата околу планината Овчар, во западниот дел на земјата.
Поради поплавите од нивните домови се евакуирани стотици лица, а не се исклучени и нови евакуации во следните денови, бидејќи се очекува покачување на нивоата на водата во реките. Министрите во владата денеска (21.04) се во обиколка на регионите загрозени од поплави.