Кристоф Хаселбах
Како се менува геополитичката моќ? Кои сојузи опстануваат, а кои нови се создаваат? Ќе успее ли Европа да го задржи своето место во светот? Тоа се прашањата на кои Кристоф се обидува да даде одговор.
Кристоф Хаселбах ја започна својата новинарска кариера во Светскиот сервис на Би-Би-Си во Лондон, а во 1995 година премина во Дојче Веле.
Пет години и многу непроспиени ноќи помина како дописник на ДВ во Брисел — токму во екот на кризата со еврото.
Кога станува збор за новинарските стандарди, Кристоф е традиционалист: смета дека анализите треба да бидат објективни и непристрасни, дека „вистините“ треба да се преиспитуваат и дека новинарите не треба да се поистоветуваат со некоја цел, без разлика колку таа изгледа благородна.
Неговото мотото гласи: бидејќи кризниот режим изгледа како да станува новата нормалност во светот што се менува, доверливото и компетентно новинарство е побарано повеќе од кога било.