Кој е идеалот за убавина денес?
4 март 2005� убавина пред и по промените?
За едни таа е идеал, за други поим за спротивното. Но, дури и оние на кои Барби не им се допаѓа, едноставно не можат да ја одминат. За девојчињата од ГДР таа кукла најчесто беше сон. Барби, тоа се 46 години без апсолутно ниту една брчка, со бескрајно долги нозе, со прекрасна облека и раскошно деколте. Нејзините размери се сон за мажите. Сепак, што е тоа што го прави телото атрактивно? Психологот, професор Елмар Брелер од институтот за медицинска психологија од Лајпциг тврди дека идеалите за убавина се менуваат:
„Секоја епоха имаше свои идеали за убавина. Да се потсетиме на средовековјето, на сликите на Рубенс каде што жените се малку пополни. Потоа, во 60-тите на Запад се концентираа слаби жени„.
Научниците поимот „убавина„ секогаш се обидуваат да го претстават во идеални размери – на пример, секоја година развиваа нови и компликувани формули за идеална тежина. Но, најубавата тежина не носи ништо ако човек не се чувствува добро. Според професорот Брелер источните Германци на тој план помалку обрнуваа внимание на „надворешноста„ од западните:
„Не стануваше збор за секс или за нудизам, туку во спотвеното тело да се чувствуваш добро, значи не толку до телото што е до вас. Кога го истражував тоа во 90-сеттите години можев јасно да го видам„.
Култот на убавина во ГДР малку се туркаше, немаше ниту избори за мис, ниту рекламна индустрија. Брелер претпоставува:
„Општествената култура во ГДР не одеше во таа насока да го дресира телото, туку повеќе беше насочена кон духовноста„.
На запад моделите од 60-сеттите години беа се послаби. Се зголемуваа проблеми со јадењето и се јавуваа тешкотии на желудникот или болемија. На исток им се даваше предност на природната убавина, вели Фридерун Бодајт од издаваштвото за жени чии списанија се појавуваа и во ГДР:
„Значи, ние не полагавме толку внимание исклучиво на тенките и посебно убави девојки, туку прикажувавме поприроден човек. Секако дека беа тенки, секако. Но, отсликуваа една жена или девојка што може да се види во секојдневјето„.
Источно-германските медиуми пропагираа слика на жена – работник, што живее во рамноправно партнерство, за која беа важни семејството и децата. Меѓутоа, и жените во ГДР се интересираа за мода, фризури и шминка. Но, нивните желби беа ограничени од слабата економија, вели фризерот од Лајпциг, Франк Штресе:
„И на исток постеше чувство за мода. Кажано на добар германски, бомбоните беа правени од кал. Сепак, тоа често даваше и добар квалитет. На пример, боите за коса: порано имавме 29 нијанси што ги мешавме додека да добиеме меѓутонови. Денес има се готово„.
Во секојдневјето на ГДР изгледот играше подредена улога, вели Фридерун Бодајт:
„И надворешноста играше улога, секако дека се сакаше да се изгледа убаво и пријатно, тоа е јасно, но не толку важно како денес. Никако не можам да се сетам дека некој дојде на идеја да си ги промени градите„.
Овие времиња сега и на Исток се минато. 15 години по повторното обединување и тука се повеќе се настојува кон надворшена перфекција. Ако мора и со операција. Разлики меѓу Исток и Запад веќе нема. Во цела Германија клинетите за убавина се се помлади: просечната старост за операции за разубавување е околу 30 години, десет насто од пациентите дури се и под 20 години. Психологот Брелер ниша со главата за време на неговите посматрања:
„Се слуша дека дури и за матурирање се добиваат подароци во форма нови на зголемени гради или нешто слично„.
И фризерите мораа да се научат на новите барања на клиентките. Франк Штресе, чиј салон фризира веќе во третата генерација:
„Сите сакаат барем малку да наликуваат на ѕвездите, читаат списанија како „Гала„. Доаѓа, со прстот покажува на третата страница, а таму Џулија Робертс, па сега и муштериката ја сака токму таа фирзура„.
Таквите желби Штресе ги гледа како предизвик. Но, се повеќе забележува притисок и несигурност кај неговите клиентки:
„Притисокот во општетсвото е огромен. Притисок за убавина, притисок за успех. Морам да кажам дека расте бројот невротични форми во ова општество. Можеш да правиш што сакаш, а повторно никако да им угодиш на клиентките„.
„Барби„ го нема овој проблем. 46 години ја пушта сината коса да и лета, промени не и се потребни. Тоа го признава и фризерот Штресе:
„Секако е неверојатно колку долго се одржа со истиот изглед. Сигурно дека е за почит што една жена толку долго е свежа„.