Коштуница во Берлин
16 мај 2006Ангела Меркел и Воислав Коштуница разговараа за решавањето на статусот на Косово, претстојниот референдум зёа независност на Црна Гора и соработката на Белград со Хаг, односно испораката на Ратко Младиќ, клучот за продолжување на преговорите со ЕУ
Српките власти во моментов се соочени само со технички проблеми околу решавање на проблемот со Ратко Младиќ, односно прашањето каде тој се наоѓа, изјави српскиот премиер Коштуница по разговорите со Ангела Меркел
„Значи има многу потешкотии од тој вид, јас за нив зборувам и она што е сега важно е тоа дека нема политички препреки, дека не станува збор за недостаток на воља туку овие проблеми кои со време се решаваат„
За испораката на Ратко Младиќ сакаа повеќе да знаат и преставници на германскиот парламент задолжени за надворешна политика пред се кон земјите од регионот на Балканот. На состанкот во надворешно полкитичкиот одбор во Бундестагот Коштуница исто така одговараше на прашања за соработката со Хаг. Претседавачот со одборот, конзервативвниот политичар Рупрехт Поленц за тоа вели:
„ Разговаравме за европската перспектива која и натаму важи. Остануваме до ветувањето од солунскиот самит но и Србија треба да даде свој придонес а тоа значи дека е крајно време Ратко Младиќ да се најде во Хаг. На српската страна и е јасно дека предуслов за перодолжување на преговирите е неговата испорака„
За германската страна беше важно да го слушне ставот на Белград кон референдумот за Црна Гора вели:
„ Белград во секој случај мора да ги продолжи разговорите со Црна Гора или за модалитетите кои ќе мора да бидат изнајдени по евентуалната одлука за поделба или за посилни врски и јакнење на државната заедница, доколку тоа биде одлука на референдумот, Воислав Коштуница не сака тоа да го прави пред референдумот бидејќи стравува дека тоа би влијаело врз неговиот исход, но смета дека по 21 мај таквите разговори ќе бидат неопходни„ рече Поленц
Во однос на прашањето за статусот на Косово, Коштуница на разговорите со Ангела Меркел го повторил ставот на Белград за решение, повеќе од автономија помалку од независност
„Ги изнесов нашите аргументи дака вистинското решение е суштинска автономија тие формулации не се употребени, ниту условна независност ниту ограничен суверенитет за што се распртава во германската јавност. Значи идеја беше повеќе да го прикажеме проблемот со целата сложеност и согласно тоа да тежнееме кон едно комприомисно европско решение„ рече Коштуница
Претседалеот на надворешно политичкиот одбор на бундестагот Рупрехт Поленц во однос на ова прашање вели:
„ Треба да се најде одговор за прашањето на доверба и тоа важи за двете страни. Не е дека само српската страна може на тоа да работи тоа важи и за албанската. Мислам дека е важно да се разбере дека она за што сега се преговара не е дело на актуелната демокртатски избрана влада на Србија, која мора да ги решава проблемите кои произлегоа од политиката на Слободан Милошевиќ„
На проблемот Косово, Коштуница се задржа и за време на предавањето во фондацијата Конрад Аденауер. Овој проблем според него не е само на Србија туку и на ЕУ.