Конференција на Интерпол во Берлин
20 септември 2005Претседателот на Интерпол Џеки Селеби потенцираше дека при темата тероризам работата на Интерпол јасно се разликува од онаа на воените сили:
„Интерпол е полициска организација.Кога полицијата ќе се зафати со тероризмот,прво се врши идентификација на осомничениот,потоа локализација и проверка,а крајно притворање и изведување пред суд.Ние не реагираме на воен начин и поим,според мотото:ако тој пука,пукаме и ние.“
Минативе години,како што вели генералниот секретар на Интерпол,Роналд Нобле,бројот на потенцијалните терористи,кои се воведени во соодветна банка на податоци,се зголеми од 2 на 8 илјади.Интерпол секогаш го има во вид тероризмот.И тогаш,како што вели германскиот министер за внатрешни работи Ото Шили,кога во прв план се други теми:
„Тоа што Интерпол прави напори за создавање збирна картотека на украдени документи,е од големо значење за борбата против меѓународниот тероризам.За нас е многу важно да дојдеме до констатации за патувањата со лажни и со украдени документи.“
Со нов информационен систем досега можеа да бидат поврзани околу 90 проценти од земјите членки,односно 166 држави.Ова поврзување во мрежа,според Нобле,значи дека Интерпол е пред другите организации:
„Ние имаме банки со податоци кои на полицијата и помагаат да ги идентификува опасните луѓе.Разузнавачките служби и другите организации мораат што е можно побрзо да ги добијат овие информации.На интернет на пример циркулираат фотографии на сексуално злоупотребувани деца,кои можат да потекнуваат од секаде.Престапниците можат да се кријат било каде.Податоците за ваквите случаи значи мораат да бидат што побрзо испратени.“
Ото Шили сака уште повеќе да ги прошири можностите на овие банки на податоци на Интерпол и сака да ги примени и во барањето на исчезнатите по катастрофите како цунами.
Така роднините побрзо ќе имаат јасност за судбината на исчезнатите.Шили најави дека на конференцијата ќе поднесе предлог резолуција за создавање картотека на исчезнатите.