Колку е веродостојна корона-статистиката во Русија?
29 јуни 2020Реклама
Ана Клочкова често ги гледа фотографиите од мајка си. Галина Олејник починала во болница во регионот Јарославл на 21 мај годинава. Била рецепционистка во Центар за јавно здравје. Најверојатно таму се заразила со корона.
„Сопругот ми подари шивачка машина. Со неа на мајка ми ѝ шиев четирислојни заштитни маски со ластик. На работа не ѝ дадоа ниту една“, вели Ана Клочкова.
Официјално короната е една од причините за смрт на мајка ѝ. Но, во корона-статистиката нејзиното име не се појавува.
Повеќе во видеото: