Каде се движат односите меѓу Србија и Црна Гора !?
31 октомври 2006�љана
Директорот на центарот за европска интеграција во Подгорица Драган Росандиќ смета дека Црна Гора веќе со години повеќе се насочува кон Словенија и Хрватска, односно настојува да се дистанцира од Србија:
“ Хрватска и Словенија се појавуваат како ментори веќе еден подолг период. Тоа е воочливо по многу работи. Постојат планови за соработка во сообраќајната инфраструктура, присутни се инструктори кои доаѓаат од Хрватска и Словенија. Се потпишуваат договори за обука на дипломати во Словенија, а постојат и други иницијативи, така што е воочливо дека Црна Гора се насочува кон Хрватска и Словенија а се дистанцира од Србија
Со оглед на специфичноста на српско црногорските односи дел од експертирте сметаат дека најтешка задача од црногорска страна ќе ја имаат амбасадорите во двете земји. Српскиот претседател Борис Тадиќ неодамна ги прими акредитивите за амбасадорот Ана Војводиќ. Наредниот месец се очекува и Србија да испрати свој амбасадор во Подгорица. Извесно е дека тоа ќе биде Зоран Шамиј, од Демократската партија на премиерот Воисклав Коштуница инаку поранешен претседател на собранието на Србија и Црна Гора
Поранешниот југословенски амбасадор Светозар Јовичевиќ не гледа потреба од отварање на дипломатски преставништва во двете земји:
“ Мислам дека односите и без амбасади и амбасадори се одвиваат одлично. Многу е поважно на владино ниво да се воспостават координативни тела кои во зависност од проблематиката би ги решавале проблемите, се разбира доколку тие се појават“