Италија се подготвува
23 август 2006Подготовките на Италија за мисијата во Либан веќе се во тек. На пример, елитната единица Сан Марко, слична на американските маринци, за кусо време може да пристигне во кризниот регион, пишува весникот „Ла Република„. Таа веќе одржува вежби во жешките часови од денот поготвувајќи се за климата во Либан. Освен тоа, на војниците им се пренесуваат арапските и израелските форми на однесување и гестови. Весникот пишува дека војниците се запознаваат и ос оружјето што се користи во регионот. Извештајот јасно укажува дека Италија се подготвува за скок во Либан. Претходно, италијанскиот премиер Романо Проди му понуди на генералниот секретар Кофи Анан, Италија да ја преземе командата врз мисијата. Меѓутоа Италија бара и јаснен мандат. Во тоа спаѓа мошне прецизна согласност за тоа кој ќе го разоружа Хезболах. Токму од тие прични Проди ја поддржува линијата на американскиот претседател Џорџ Буш кој бара втора резолуција на Обединетите нации за на мировните сили во Либан, цитат: „да им се дадат поголеми овластувања„.
Освен јасен мандат од Обединетите нации, Италија за водечката улога во Либан бара и широка поддршка од нејзините европски партнери. Сите 25 членки на Европската унија, гласи идеалната замисла на владата на Проди, треба да учествуваат во мировната мисија. Досега, спроед мислењето на Рим, ангажманот не е доволен. Сите европски земји плус Мароко и Брунеи, ветија вкупно 6 илјади војници, што не е ниту пловината од 15-те илјади колку што се потребни. Од тие причини италијанскиот министер за надворешни работи Масимо Д’Алема побара итна средба со неговите европски колеги уште во текот на оваа недела. Во Рим владее оптмизам дека европските партнери ќе стават на располагање дополнителни сили.
Во меѓувреме специјалниот пратеник на Обединетите нации за Либан, Терје Ларсен за ЦНН ги објасни причините за одолговлекувањето на стационирањето трупи во кризното подрачје:
„Потребно е време за да се комплетира вистина компликуваната мировна операција во едно од најтешките кризни подрачја во светот и тоа мора да се почитува. Никој нема волшебно стапче, ќе биде потребно време и тоа е така во реалниот свет„.