Италија гласа
14 април 2008За фаворит важи медиумскиот магнат Силвио Берлускони кој веќе двапати беше премиер и кој го предводи сојузот „Народот на слободата„. Противкандидат му е поранешниот градоначалник на Рим, Валтер Велтрони, од централно-левата партија ПД. Првите резултати се очекуваат вечер.
Зајчињата што ги вади од шешир Валтер Велтрони се мртви. Вака за својот соперник се изјасни познатиот во светот Силвио Берлускони. Кампањата што се води по скоро две години од последните избори не беше на некое ниво, единствени се посматрачите. Владата на Романо Проди избрана во 2006 година падна поради министерот од една демохристијанска мала партија кој се најде во фокусот на судството. Значи, сега, повторно се гласа. Според италијанската традиција, во два дена – вчера и денеска од 7 до 15 часот.
Гласањето на Италијанците во странство, кое е веќе завршено, било манипулирано – државниот истражен судија води истрага против калабриската мафија и еден сицилијански политичар. За да не се случи нешто слично и дома, министерот за внатрешни работи Амато ги покани сите негови живи претходници да присуствуваат на броењето на гласовите во неговиот кабинет:
„Особеноста на министерството како стаклена палата не смее да биде доведена во прашање. Таму се работи врз основа на легалноста„.
Повеќемина поканети од различни партии веќе најавија дека ја прифаќаат поканата. Последните анкети смееја да бидат објавени пред две недели и според нив Берлускони, чија партија настапува заедно со ултра-конзервативната Национална алијанса и десно-популистичката Лига Норд, имаше предност од 5 проценти. Сепак, тоа беше помалку од неделите и месеците пред тоа, зашто на Берлускони му се случија неколку испади. На пример, на популарниот претседател Наполитано му префрли за партиска приврзаност, а на фудбалерот на Рома, Франческо Тоти дека „не е со сите на број„. Тоти се изјасни во полза на левиот кандидат. Дали ваквите вербални испади ќе му наштетат на екс-премиерот ќе се знае утре.