Исламскиот конгрес нема да се оддржи во Берлин
21 септември 2004“Јас не би сакал овдека да има поттикнуување, и ние нема да прифатиме такво нешто.” Со овие зборови берлинскиот сенатор за внатрешни работи Ерхарт Кертинг ја поткрепи забраната на полицијата за одржување на конгресот на Исламистите. Не може да биде дозволено, во повикот за средбата да бидат оправдувани самоубиствените напади во Израел, рече Кертинг. Со неговата одлука следуваше и аргументацијата на германскиот министер за внатрешни работи Ото Шили, кој минатиот петок рече
“Нема да допуштиме, да се оддржи конгрес во Берлин кој има еднозначна анти – израелска и антисемитска ориентација, кој се залага за тоа да се извршуваат терористички акти во Израел и Ирак. Ова би значело дека со “убави” зборови се прикрива отпор. Тоа неможеме да го прифатиме.”
Границите на она што во Германија е дозволено, со повикот надалеку се надминаа, дополни берлинскиот сентаор за внатрешни работи Кертинг.
Првите знаци за забрана се појавија уште во текот на викендот, кога од Германија беше протеран еден од иницимјаторите на планираната конференција. Либанецот, според информации на берлинските власти е вратен во неговата татковина, а подигната е и постапка поради членство во незаконско здружение.
Со одлуката да се забрани конгресот се чини дека е затворена темата. Ортаганизаторот Габриел Даер смета дека неговата работа е завршена, а и тешко може да се замисили конгресот да се оддржи нанекое друго место во Германија. Самата забрана не го дозволува ова.