Интернет кладењето добива на популарност кај младите!
15 февруари 2005Реклама
Посебно омилени се он-лајн спортските кладења. Учеството на комерцијалните интернет игри на среќа и вложување на поголеми суми пари станува се попроширена забава, тоа е резултатот од студијата на Универзитетот во Билефелд спроведена кај млади на возраст од 13 до 19 години. Социологот за млади професор Клаус Хурелман во тоа гледа опасен општествен тренд што се засили со Интернетот. Научникот од Билефелд жестоко ги критикува лотариите кои со успешни реклами извршија влијание врз младите. Тоа не остана без последици. Испитаниците велат дека играат барем еднаш неделно но повеќето и секој ден. Третина од нив трошат за игри, десет евра неделно а 13 проценти најмалку 20 евра .